На прес-конференција официјални претставници на партијата Беса која е во коалиција со СДСМ, односно коалицијата „Можеме“ соопштија дека ќе дејствуваат независно. Останува отворено прашањето дали можеби Беса најави дека ќе ја напушти коалицијата со СДСМ. Од Беса велат дека се уште не е завршена фазата на броење на гласовите но не ја исклучува можноста во иднина да се формира и пратеничка група.
-Сеуште не е завршен процесот на финално пребројување, не би сакале во оваа славеничка фаза во која се наоѓаме како коалиција и како Движење БЕСА да нагаѓаме кои ќе бидат идните чекори, но секако ќе се почитува волјата на граѓаните за формирање на новата влада и да продолжиме со работите кои не очекуваат. Пратениците на Движењето БЕСА ќе функционираат како пратеници на Движењето БЕСА како и другите партии но не се исклучува можноста во иднина да се формира и пратеничка група. Уште еднаш ќе повторам се уште сме во фаза во која се бројат гласовите и тоа што може да се примети е дека волјата на албанците делегирала ДУИ да биде победник и претседателот на партијата му честиташе на господинот Ахмети и сметам дека тоа е доволно во оваа фаза во која се уште се бројат гласовите, велат од партијата на Касами.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.