Блерим Река е поранешен амбасадор на Македонија во ЕУ, а актуелен професор на Штуловиот Универзитет во Тетово

Објавил: Данаил Михајловски | 28 февруари, 2019 13:52

БЕСА и Алијанса и официјално го поддржаа професорот Блерим Река за претседател

Фото/Текст извор: ©магазин

Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор на Македонија во ЕУ, Блерим Река на неговиот профил на Фејсбук ја потврди веста која утрово се објави на неколку портали на албански јазик, дека ќе поднесе кандидатура за претседател на државата. Магазин, од извори во БЕСА, дознава дека пред два дена професорот Блерим Река имал заедничка средба со Зијадин Села и Билал Касами, каде им ја најавил својата кандидатура како натпартиски кандидат за претседател, а од нивна страна било изразено расположение за поддршка на кандидатурата. Села и Касами особено го ценеле придонесот што амбасадорот Река го дал за евро-интеграциите и на Македонија, но и на Косово.

Професорот Блерим Река од Јуни 2006-2010 беше амбасадот на Македонија при мисијата на ЕУ во Брисел, тогаш по предлог на ДУИ, а со акредитиви одобрени од Бранко Црвенковски, како тогашен претседател на државата. Во мандатот на амбасадорот Блерим Река се постигнаа два значајни исчекори за Македонија и тоа, препораката за почеток на преговорите од Европската Комисија во 2009-та, како и визната либерализација за граѓаните со македонски пасош во однос на Шенген зоната на државите членки на ЕУ. Исто така oд 2011-13 година амбасадорот Река бил правен советник на Претседателот на Косово и на Комитетот на за надворешна политика на косовскиот парламент, на теми поврзани со ЕУ-интеграциите, ИПА-фондовите и визната либерализација. Важи за умерен дипломат, со добри познавања за регионот и за ЕУ, но исто така и за добар публицист и истражувач во академската заедница, особено на темите поврзани со европските интеграции и регионалната соработка. Не е член на ниту една политичка партија, а како дипломат и академик има многу добар углед кај меѓународната заедница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во врска со најавата на Заев за оставка ако не победи Шилегов за градоначалник, Петковски објаснува дека градоначалничката позција не е поврзана со позицијата на Владата.

Петковски: Неодговорна е изјавата на Заев дека ќе си поднесе оставка ако не победи Шилегов

Партиите изгубија, граѓаните добија на овие локални избори, вели Тито Петковски, во...

Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го наравила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките.

Директорот на МЕПСО за Телма: Трошиме двојно повеќе струја отколку што произведуваме, за октомври ќе треба да ѝ платиме на Европа 15 милиони евра

Директорот Куштрим Рамадани открива дека земјава четири пати без најава презела електрична...

Ковачки цитираше и дел од брифинзите, а потенцира и оти биле давани насоки и се договарани и физички пресметки како и закани по живот за прилепчани.

СКАНДАЛ: Полицајци блиски до СДСМ договарале малтретирање на граѓани за изборите

Полицајци блиски до СДСМ следеле членови на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната кампања....