Компанијата Беса-Транс ги отфрли шпекулациите дека во автобусот се превезувал бензин или нафта.
На фејсбук страницата на компанијата се наведува дека вкупниот капацитет на автобусот бил за 450 – 500 литри дизел за самиот автобус и дека во него немало дополнителни резерви на гориво.
Во објава на профилот на Фејсбук, туристичката агенција апелира до медиумите да не се шират шпекулации коишто ќе ѝ наштетат на истрагата.
„Како агенција ги информираме семејствата на починатите и повредените во трагедијата дека автобусот во никој случај немал багаж за шверц на нафта, бензин или пиротехнички средства“, се вели во објавата на „Беса транс.“
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.