Блокирањето на буџетот, додаде, ќе значи само финансиска нестабилност и тоа не е во интерес на ниту една политичка партија, ниту на граѓаните.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 ноември, 2021 7:18

Бесими: Бегањето од одговорност не е мој стил

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува до средината на декември да се гласа буџетот за наредната година, но не може да предвиди дали прво ќе биде донесен буџетот или ќе се изгласа нова реконструирана Влада.

Има конструктивна дискусија за Предлог буџетот за 2022 година за чие донесување има утврдени законски рокови. Не можам да предвидам што попрво ќе се случи, дали носењето на буџетот или изгласувањето на новата реконструирана Влада. Но, доколку продолжи дебатата каква што е во првите два дена, се очекува во првата половина на декември буџетот да се гласа. Мислам дека сите се свесни од аспект на значењето на донесувањето на буџетот. Има конструктивни дискусии иако има и разлики, но мислам дека има разбирање за носење на овој буџет од сите политички партии во Собранието и барем засега не гледам такво сценарио да се блокира буџетот, рече Бесими во емисијата 24 Анализа.

Блокирањето на буџетот, додаде, ќе значи само финансиска нестабилност и тоа не е во интерес на ниту една политичка партија, ниту на граѓаните.

Во интерес на граѓаните е политичката стабилност и предвидливоста особено што се наоѓаме во период кога покрај пандемијата, која се уште не стивнува, имаме и енергетска криза која се очекува да стивнува во првата половина на наредната година, истакна Бесими.

Прашан дали ќе прифати доколку му биде понудено да биде министер за финансии и во новата реконструирана Влада, Бесими рече дека бегањето од одговорност не е негов стил.

Тоа е голем предизвик, а јас не бегам од предизвиците во период кога има пандемија и се соочуваме со сите овие работи, а и има веќе најавени проекти за инвестиции и забрзан економски раст, како и за справување со економската криза. Бегање од одговорност не е мој стил на пристапување кон животот, порача Бесими.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Министерот посочи дека тековните трансфери и субвенции се планирани на ниво од 204,5 милијарди денари, односно повеќе за 7,8 отсто или за околу 14,7 милијарди денари.

Бесими: Предлог буџетот за 2023 година се темели на цврстата определба за одржување на макроекономската стабилност

Предлог буџетот за 2023 година со сеопфатен план е насочен кон ублажување на последиците...

-Во делот на тој импут, тоа што моментално го имаат е двојно пониска и согласно таа формулација најверојатно ќе бидат намалени цените на финалните производи.

Бектеши: Најверојатно ќе бидат намалени цените на производите

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информира дека во формулација на...

Со овој сет антикризни мерки по 3.000 денари месечно во нареднте четири месеци ќе добиваат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26 годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за

Помош од три илјади денари за социјално загрозените граѓани во следните четири месеци

Финансиска помош ќе има сите ранливи категории граѓани и за пензионерите. Олеснување...