„Најголем дел од намалените царински стапки се однесуваат на индустриски продукти кои како суровини и репроматеријали се користат во технолошко напредното производство, како и во секторите на автомобилска, метало-преработувачката индустрија, металургијата!

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 декември, 2021 17:10

Бесими: Во буџетот за 2022 не се планирани пари за исплата на К-15 за јавниот сектор

Фото/Текст извор: ©магазин

Владата на вчерашната седница го усвои Предлог-законoт за изменување на Законот за царинска тарифа, изготвен од страна на Министерството за финансии, со кој трајно се намалуваат или укинуваат царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали за индустриско производство коешто е претежно наменето за извоз.

Со ова се излезе во пресрет на барањата на компаниите за намалување на царинските стапки како и се врши усогласување на истите со стапките во ЕУ, што е од особено значење за унапредување на производството, извозот и конкурентноста на компаниите.

Ова го истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими, на прес-конференција на која го презентираше Предлог-законот, кој како што нагласи е донесен низ инклузивен процес на консултации со коморите.

„Најголем дел од намалените царински стапки се однесуваат на индустриски продукти кои како суровини и репроматеријали се користат во технолошко напредното производство, како и во секторите на автомобилска, метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната, како и кожарската индустрија, кои во 2020 и почетокот на 2021 година година забележаа сериозни потешкотии.

Станува збор за увозни производи чии царински стапки се значајно повисоки во однос на царинските стапки на овие производи со примена во Европската унија“, истакна министерот.

Исто така во услови на енергетска криза и во услови на ценовен притисок кај енергенсите, со овoj Предлог-закон, информира Бесими, се предлага укинување на царинската стапка на природен гас.

„Со укинување на царинската стапка за природен гас се дава значајна поддршка на домашните компании и индустрија преку намалување на трошоците за производство. Истовремено во услови на енергетска криза се дава и придонес кон поголема ценовна стабилност на овој енергенс, а се поттикнува и промена на користењето на енергенсите кон енергенси кои помалку загадуваат“, нагласи тој.

Вкупната поддршка која се дава на стопанството со овој Предлог-закон изнесува 810 милиони денари или 13 милиони евра на годишно ниво или 12% од вкупните увозни давачки.

Со намалувањето на увозните давачки, на ниво од ЕУ, висината ќе се хармонизира со царинските стапки што се применуваат во Унијата.

„Со овој Предлог-закон се придонесува кон подобрување на конкурентноста на домашните компании, поголема атрактивност на земјата кон привлекувањето на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори, проширување на производството на постојните капацитети на домашни и странски компании, како и зголемување на вработеноста“, истакна министерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Министерот посочи дека тековните трансфери и субвенции се планирани на ниво од 204,5 милијарди денари, односно повеќе за 7,8 отсто или за околу 14,7 милијарди денари.

Бесими: Предлог буџетот за 2023 година се темели на цврстата определба за одржување на макроекономската стабилност

Предлог буџетот за 2023 година со сеопфатен план е насочен кон ублажување на последиците...

-Во делот на тој импут, тоа што моментално го имаат е двојно пониска и согласно таа формулација најверојатно ќе бидат намалени цените на финалните производи.

Бектеши: Најверојатно ќе бидат намалени цените на производите

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информира дека во формулација на...

Со овој сет антикризни мерки по 3.000 денари месечно во нареднте четири месеци ќе добиваат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26 годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за

Помош од три илјади денари за социјално загрозените граѓани во следните четири месеци

Финансиска помош ќе има сите ранливи категории граѓани и за пензионерите. Олеснување...