Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.

Објавил: Стојче Бушин | 7 октомври, 2020 12:19

Бесплатен концерт на Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар, подготвува извонреден празичен подарок за охриѓани и посетителите за Денот на народното востание, 11 Октомври, пренесува Ohridnews!

Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.

Ве очекуваме заедно да уживаме во музиката и во прекрасното октомвриско сонце! – порачуваат Владимир четкар и неговите колеги.

Четкар долги години живее во Њујорк, САД, и настапува во светски познати џез-клубови.

Тој е чест гостин на многу музички настани низ светот, а пред неколку години во рамките на својата светска турнеја одржа концерти и во Хонгконг, Кина, Јужна Кореја и во Сеул!

Исто така на почетокот на оваа година македонскиот џез-музичар Владимир Четкар, одржа бесплатен концерт на плоштадот во Охрид.  

Настанот беше во организација на општината Охрид, како дел од програмата ,,Охрид ве очекува“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.

Чолиќ и Мерлин по 100.000 евра, Цеца ќе пее за 80.000 за Нова Година: Еве колку ќе заработат останатите пејачи за новогодишната ноќ

Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат...

Концертот ќе започне во 20. 30 часот со настапот на домашните пејачи: Нино Величковски, Маргица Антевска, Сандра Милковска, како и гостите од Србија, дувачкиот оркестар на Бојан Ристиќ.

ЛЕПА БРЕНА ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Вечерва ќе пее на Градскиот плоштад во Куманово!

Српската звезда Лепа Брена вечерва ќе одржи концерт на Градскиот плоштад, по повод...

На плоштадот Македонија планирано е заедно со основачот на групата, Горан Бреговиќ, да дојдат и поранешните пејачи на бендот – Жељко Бебек, Тифа Војиќ и Ален Исламовиќ.

„Бјело дугме“ со бесплатен концерт за 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје

На 17- ти ноември, Скопје ќе го слави Денот на ослободувањето на градот со концерт на...