Македонија
Сообраќај
Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа:
Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот!
Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);
Бесплатен превоз за студенти секој четврток!
И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда!
Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година.
Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Сообраќај
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.