Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски пред новинарите сведочи за настанот за кој вели дека ни малку не било пријатно да се гледа боки во таква тешка состојба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 октомври, 2019 15:02

Беше грда сцена, повраќаше масовно, потоа изгуби свест- адвокатот Дуковски говори за состојбата на Боки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Инфомакс

Првоосомничениот за случајот Рекет, Бојан Јовановски попладнево на носилка беше изнесен и со возило на брза помош и полициска придружба замина од Обвинителството за гонење организран криминал и корупција, каде требаше да го даде својот исказ за случајот „Рекет“ пред обвинителката Вилма Рускоска.

Видно беше нарушеното здравје кај Боки 13 уште при пристигнувањето во одделот за организиран криминал и висока корупција.

Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски пред новинарите сведочи за настанот за кој вели дека ни малку не било пријатно да се гледа боки во таква тешка состојба.

Дуковски за новинарите објасни дека Јовановски не стигнал да даде исказ поради тоа што веднаш почнал да повраќа и колабирал.

Непријатна сцена се случи, она што се случува последните 40-50 дена откако е приведен. Почна да повраќа и колабираше, и не беше контактибилен. Сега е донесена Брза помош и однесен во Клиничка болница. Има мислење од Клиниката за торакална дека е неопходна хоспитализација и нега за целата здравствена состојба, вели Дуковски.

Адвокатот објаснува дека она што го виделе воопшто не било пријатно.

Секој човек заслужува, и тоа е уставно загарантирано, право на живот. Јас сметам дека на секој мора да му се даде адекватна медицинска нега, независно дали и што сторил. Кривична постапка е една работа, а правото на живот и здравје е друга. Неслучајно е сега однесен итно во болница, и не случајно досега 20 пати бил на субспецијалистички преглед. Не успеа даде исказ. Јас кога дојдов веќе повраќаше масовно во тоалетот, беше грда сцена, потоа изгуби свест не беше контактибилен ниту со мене ниту со лекарите, рече Дуковски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Очигледно неговата лична проценка е дека ова е последен момент кога би можел да состави некаква приказна, колку и таа да звучи неубедливо, за да побара таква помош.

ГРУЕВСКИ: Заев е криминоген и неспособен марионетски премиер, со изборите тој бара “сламка за спас”

Вистинската причина заради која Заев се одлучи на брзи избори по неуспехот со почетокот...

Во очи самитот во Брисел, Заев ги предупреди лидерите на земјите членки во ЕУ дека владата ќе падне доколку и овој пат не добиеме датум за преговори.

Заев во 12 часот ќе се обрати до јавноста- ЌЕ ПОДНЕСЕ ЛИ ОСТАВКА?

Денеска во 12 часот премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати до јавноста за прв пат...

Денарите треба да ја добијат придавката по отворањето на поглавјето 17 кое ја опфаќа економската и монетарната политика, но Народната банка веќе склучи договор за печатење нови 10 и 500 денарки со новото име.

Без датумот, половина од потшишаниот Преспански договор не треба да важи

Македонија се истрча и спроведе речиси сè од Преспанскиот договор и тоа пред време,...

Наводно како што пренесува ин7, Спасовски ќе ја предводи владата до претстојните парламентарни избори, кои се очекува да бидат распишани во наредните денови.

Оливер Спасовски седнува на премиерската фотелја?!

На местото на Зоран Заев ќе седне сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски...