Депресија и желбата за подобар изглед ја претвори актерката во непрепознатлива ,,силиконска'' убавица!

Објавил: Сања Кукиќ | 15 април, 2019 19:25

Беше една од најубавите актерки, но пластиката ја ,,уби”

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Наместо да си го разубави своето лице со помош на пластика и силикон, таа стана нерепознатлива! Мег Рајан шокира со своите деформитети од пластичните операции.

Кариерата на Мег Рајан триумфираше благодарејќи на романтичните комедии како што се “French Kiss”, “Kate & Leopold”, “You’ve Got Mail”. Глумицата изненадно исчезна, бидејќи знаеше колку Холивуд е суров кон жените во одреден животен век, па одлучила да се подмлади.

Но, желбата за да биде повторно млада ја чинеше скапо.

Мег Рајан на средината и крајот на 90 години од минатиот век беше миленичка на публиката. Симпатична русокоса со брановидна кратка коса, која речиси секоја девојка ја посакуваше, секогаш знаеше како да измами насмевка кај публиката и како да го украде секој филмски кадар кога ќе се најдеше во него.

„Работеше премногу. Тоа беше шок за луѓето и таа повеќе не изгледа како Мег Рајан во која сите се заљубивме”, рекол Џејмс Магнолд, режисерот на филмот “Kate & Leopold”.

Сè започна со филерите за усни, а потоа и се останато.

„Не се само усните во прашање. Носот ѝ е поразлиечн, образите, ботоксот е повеќе од очигледен. Луѓето не сфаќаат дека постои зависност за пластична хирургија. Таа не е единствен пример. Обично тоа е обид некое лично незадоволство да се реши”, објаснил пластичниот хирург Марк Робери.

 Кариерата ѝ паднала во мрак и Рајан во 2006 година одлучила да посвои девојче од Кина. Покрај синот кој Рајан го доби со Денис Квејд во 1992 година, глумицата се окупираше со воспитување и грижа за девојчето кога веќе кариерата не се движеше во вистински правец.

Кога сфатила дека повеќе нема да добива улоги поради преголемиот број на операции таа се посвети на кариерата како режисер и продуцент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Пред ракометниот натпревар атмосферата ја загреа групата „Некст Тајм„ ја испеа популарната „Излези Ѓурѓо“, а заедно со нив грмеа уште 7.000 грла, присутни на трибините во Јане Сандански.

ЕМОТИВНА ИЗВЕДБА: Некст Тајм “ГРМИ„ заедно со 7.000 грла во Јане Сандански ја испеаја „Ја излези Ѓурѓо“

Ракометарите на Вардар вечерва го играат последниот натпревар во Лигата на шампионите...

Хуманоста покажете ја со дела: Малата Мила Димоска итно треба да оди на операција во Кина

Малата Мила треба итно да замине во Кина на лекување , лекарски пропуст ја чини живот, да ПОМОГНЕМЕ!

Малата Мила Димоска има потреба од помош за лекување на оштетувањето (дистрофија) на...