Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денес ја оствари својата последна средба на Општина Кавадарци.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 февруари, 2019 16:49

Бејли: “Со душа чекам пак да ја посетам Македонија”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денес ја оствари својата последна средба на Општина Кавадарци. Тоа беше неговата последна работна средба со градоначалникот Митко Јанчев во неговиот мандат. 

Градоначалникот од општина Кавадарци Митко Јанчев за fokus.mk изјави дека, го поканил амбасадорот Бејли да дојде во Кавадарци наредната година на прославата Св. Трифун и дека тој воодушевено ја прифатил поканата. Оваа негова работна посета беше последна бидејќи наредниот месец му истекува неговиот мандат.

Како што изјави Јанчев, Белји е голем љубител на вина и тој оваа година бил поканет на традиционалната прослава, но поради тешката сообраќајна несреќа која се случи, оваа манифестација се откажа. Јанчев рече дека можно е тој со своето семејство да отпатува во Америка на гости кај амбасадорот Белји, бидејќи тие двајца имаат многу заеднички теми и интереси.

Џес Бејли беше потврден како Амбасадор на САД во Македонија, од страна на Сенатот, во декември 2014. Роден е во Синсинати, дипломирал на Универзитетот Јеил, а магистрирал Европска историја на Универзитетот Колумбија. Тој зборува француски, турски и тајландски јазик. Оженет е со Кејпи Полк Бејли и имаат еден син, Ноа, кој е студент.

-Амбасадорот Бејли ја имаше својата последна работна посета токму во Кавадарци, пред истекот на неговиот мандат. Тој дојде да се поздравиме, но ова не е збогум и веќе договоривме наредна средба. Во повеќе наврати амбасадорот, кој е одличен познавач на доброто вино и го има пропатувано светот, ми има потенцирано дека во Тиквешијата ги имаме најдобрите вина.

Тој беше помеѓу поканетите гости за време на традиционалната прослава на празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун, но за жал, поради автобуската несреќа настанот не се одржа. Затоа, го поканив господинот Бејли да ни дојде во Кавадарци наредната година, на прославата на Свети Трифун, а тој воодушевено ја прифати поканата и вети дека ќе не посети – изјави за Јанчев за Фокус.

-Веќе сум бил во Америка, секако планирам повторно да одам и драго ми е што амбасадорот ме покани семејно, со сопругата и децата да го посетиме. Имаме заеднички интереси и хоби, убаво е кога помеѓу соработниците ќе се роди пријателство кое ќе остане да трае.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Синоќа беше почуствуван земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала  во околината на Пехчево и Берово.

Земјата се тресеше – земјотрес ја стресе Македонија

Синоќа беше почуствуван земјотрес со интензитет од три степени според Европската...

Последната негова одлука најсилно покажа кој и каков е Павле. Не одмолчи, не се повлече, не кажа “лепено, сечено, монтирано”, не го избра полесниот пат.

Шеќеринска: Павле беше симбол и борец, мобилизатор и активист, колега и другар- Жал ми е !

Министерската за Одбрана Радмила Шеќеринска, напиша фејсбук статус за пратеникот...

Денеска претседателот на собранието на Република Македонија, Талат Џафери на папата Франциск во Рим му подари скулптура на светите браќа Кирил и Методиј.

Талат Џафери на папата Франциск во Рим му подари скулптура!

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска на папата...