Беџети нагласи дека две недели подоцна Антикорупциската комисија во, според него, нестандардна процедура во споредба со нивниот начин за работење, набрзина покренала постапка против него.

Објавил: Перо Милчин | 13 август, 2019 14:52

БЕЏЕТИ ГО ОБВИНИ ЗАЕВ: “Премиерот бараше да влијаам за да се смени претседател на суд”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети денеска изјави дека Државната комисија за спречување корупција покренала постапка против него, затоа што го одбил барањето на премиерот Зоран Заев „да влијае на членови на Судскиот совет за да биде сменет претседател на еден суд.

Премиерот Зоран Заев вршеше притисок врз мене да влијаам на одредени членови на Судскиот совет за смена на еден претседател на суд, изјави денеска Блерим Беџети, градоначалникот на општина Сарај.

Тој рече дека на 17 јули премиерот му се јавил и побарал од него да влијае на одредени членови на Судскиот совет за да гласаат за разрешување на претседател на еден суд во државава.

– Јас му укажав дека тоа не можам да го сторам и му реков дека од мое лично искуство не е добро и тој да се занимава со такви работи, изјави Беџети на прес-конференција.

– Затоа сметам дека и оваа комисија се впуштила во дневно политички манипулации и злоупотреба на службената положба. Кривичните пријави против членовите на Антикорупциска кои гласале за вакво нешто ми се подготвени, истакна Беџети, додавајќи дека е сигурен оти Државната комисија за спречување корупција покренала постапка против него поради тоа што одбил да им каже на членовите на Судскиот совет како да гласаат.

ДКСК покрена постапка за дивоградбите на Матка и најави кривична пријава за Беџети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Но исто така во ОХИС има жива, пестициди, ПВЦ во прав и други отровни супстанци кој мора да се остраната, еве што кажа за „Мета“ Аднан Ќахил, кој до неодамна беше министер без ресор во владата на Зоран Заев.

Темелковски смирува за случајот во ОХИС, а екс министерот за ресор открива: Во ОХИС има и други отровни материи кои мора да се отстранат!

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски вчера во емисија на телевизија...

Со 62 гласа „за“ и 12 против, пратениците од Собранието ја донесоа одлуката за новата функција на Рамчиловиќ.

Две куќи, кредит, пушка и пиштол – каков имот пријавил новиот потпретседател на Собранието, Рамчиловиќ

Пратениците вчера довербата му ја дадоа на Зекир Рамчиловиќ за попретседател на Собранието. Со...

Анѓушев истакна дека планира да се посвети на бизнисот и наведе дека крајот на својот мандат го гледа како вицепремиер на влада што креира политики.

Анѓушев: Се договорив со Владата само за еден мандат

Во вчерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат ТВ, Вицепремиерот...