Ја имаме посебната чест и радост да ве известиме дека во недела, на 18 октомври, ќе се одржи главната и централна прослава на великиот јубилеј: 1000 години од основањето на Бигорскиот Манастир.

Објавил: Стојче Бушин | 13 октомври, 2020 9:43

БИГОРСКИ МАНАСТИР: В недела Божествена литургија за јубилејот 1.000 години од основањето

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Возљубени верници, пријатели и почитувачи на Свештената Бигорска Обител на Чесниот и славен Претеча!

Ја имаме посебната чест и радост да ве известиме дека во недела, на 18 октомври, ќе се одржи главната и централна прослава на великиот јубилеј: 1000 години од основањето на Бигорскиот Манастир.

Најнапред, во сабота, на 17 октомври, со почеток во 18:00 ч. ќе биде отслужена архијерејска Вечерна богослужба, на којашто молитвено ќе претстои нашиот почитуван надлежен архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Во недела, на 18 октомври, со почеток во 9:00 ч. ќе биде отслужена Божествена архијерејска Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

По завршетокот на Литургијата, со пригодно слово кон присутните ќе се обрати Архиепископот г. г. Стефан, а после него и покровителот на прославата, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски.

Во продолжение, од страна на Митрополитот г. Тимотеј и Епископот г. Партениј ќе бидат доделени ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за благолепието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.

Со цел запазување на мерките за здравствена заштита, целата програма на 18 октомври, вклучително и светата богослужба, ќе се одвива на отворено, во дворот на Манастирот, каде ќе биде поставена монтажна бина, а исто така и видео-екран. На неколку места ќе има пунктови за дезинфекција, а носењето на маски и одржувањето на потребното растојание се задолжителни. За доследно запазување на споменатите мерки ќе биде ангажирана професионална и лиценцирана екипа на редари.

Гостите што ќе присуствуваат ќе бидат дел од историската милениумска прослава на Свештениот Бигорски Манастир, којшто цели десет века е сенароден светилник кој го покажува патот кон возвишеното, светото, благородното, патот кон спасението и обожението во Христа. Но, и за оние коишто нема да бидат во можност физички да присуствуваат, ќе биде обезбеден директен пренос на МТВ, на нашата Фејсбук страница и на нашиот Јутуб канал, се вели во соопштението!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електронска платформа Зум (ZOOM), заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници и со целосно почитување на мерките и препораките за зашитита од Ковид 19.

СДСМ денеска ќе одржи дигитален Конгрес

СДСМ денеска со почеток во 13:00 часот ќе го одржи 25. Конгрес преку платформата...