Од Бигорскиот манастир, пак, излегоа со реакција, тврдејќи дека не ги прекршиле мерките односно дека не примале верници туку дека присутните биле монасите, монахињите и верниците волонтери, штитеницитe.

Објавил: Стојче Бушин | 20 април, 2020 10:49

Бигорски: На богослужбата беше само монашката заедница, не ги прекршивме препораките!

Фото/Текст извор: ©360

Од Алијанса за Албанците обвинија за кршење на мерките и побараа кривична одговорност.

Богослужбата за Велигден во Бигорскиот манастир ја следеа над 250 000 луѓе само преку преносот во живо на Јутјуб и на Фејсбук, но на снимките се гледаа и голем број луѓе присутни во манастирот, што беше причина денеска да се појават критики дека не се почитувал полицискиот час, како и социјалната дистанца.

Една од најжестоките критики ја упати партијата Алијанса за Албанците, барајќи и кривична одговорност.

Од Бигорскиот манастир, пак, излегоа со реакција, тврдејќи дека не ги прекршиле мерките односно дека не примале верници туку дека присутните биле монасите, монахињите и верниците волонтери, штитениците…

„Овој случај претставува скандал, кршење на сите мерки, почнувајќи од спречувањето на движењето за време на велигденските празници и во исто време нарушување на јавното здравје на граѓаните.

Православните верници, покрај тоа што не го почитуваа полицискиот час, не ја почитуваа ниту препорачаната социјална дистанца и не носеа маски и нараквици, па во овој случај тие може да бидат извор на масовна инфекција за ширење на ковид-19“, реагираа од Алијанса за Албанците, барајќи да се преземат мерки за организаторите и учесниците.

Партијата обвинува и за двојни стандарди, повикувајќи се на информациите дека за протестот во Сингелиќ десетици лица биле повикани на информативен разговор во полицијата.

На критиките од Бигорски одговорија дека синоќа во манастирот биле припадниците на нивната монашка заедница од четирите манастири: Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино.

„Заедницата ја сочинуваат над педесет монаси, монахињи, искушеници, искушенички и верници волонтери кои се дел од едното семејство во Господа. Исто така, нашите манастири, кои се занимаваат со социјална мисија и општествена хуманитарна дејност, згрижуваат над шеесет души од социјално ранливи категории, кои го делат манастирското секојдневие заедно со монасите и монахињите. Дополнително, во нашите манастири, со години, константно престојуваат околу петнаесетина градежни работници, кои, исто така, се дел од нашите заедници“, велат од Бигорскиот манастир.

Дополнително, во манастирот биле и членови од екипата „2С Студио“, со чија помош бил вршен директниот преност.

Со полна граѓанска одговорност, додаваат оттаму, тврдиме дека во ниеден случај не беа прекршени препораките и мерките од државните и здравствените власти за време на богослужбите.

„Згора на тоа, доколку некој и би се одлучил да дојде на вечерашната прослава на Воскресението Христово, во никој случај не би имал можност да го направи тоа, со оглед на засилените полициски контроли по патиштата, а и самото полициско присуство пред влезот на манастирот“,

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Ова значи дека од ноќеска на полноќ малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 70 денари, додека Еуродизел ќе се точи за 60 денари по литар гориво.

Од полноќ поскапуваат горивата

РКЕ со својата најнова одлука ќе изврши зголемување на цените на нафтените деривати...

Настанот беше организиран од страна на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и од Општина Центар.

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ И НА СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕТО НА БОРЦИТЕ НА АНТИХИТЛЕРОВАТА КОАЛИЦИЈА ПО ПОВОД 76 ГОДИШНИНАТА ОД ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ И НА СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕТО НА БОРЦИТЕ НА АНТИХИТЛЕРОВАТА...

Денес се навршуваат пет години од кобниот 9 мај 2015 година и антитерористичката акција која започна рано утрината во 04.30 часот во саботата на 9 мај и траеше непрекинато 28 часа, сè до 10 часот во неделата на 10 мај.

ПОМЕН ЗА ВЕЧЕН СПОМЕН ЗА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА МВР ВО “ДИВО НАСЕЉЕ“

ПОМЕН ЗА ВЕЧЕН СПОМЕН ЗА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА МВР ВО “ДИВО НАСЕЉЕ“ Денес е Ден...