– Земја на чиста убавина. Земја со уникатна историја. Македонија е полна со вредни и интелигентни луѓе подготвени за промена.

Објавил: Сара Фемина | 11 септември, 2019 15:59

БИГ МАЈК: „Македонија е главна локација за БУМ на канабисот„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мајк Штрауметис познат како Биг Мајк, кој неодамна беше во посета во земјава, вели дека Македонија е полна со вредни и интелигентни луѓе подготвени за промена, а канабисот може да биде таа промена.

Тој на својот профил на „Инстаграм“ објави видео во кое објаснува дека земјава има потенцијал за развој доколку тоа добро го направи.

Со околу 40.000 потенцијални нови работни места по легализацијата, постои огромна можност за Македонија – ако го сторат тоа правилно, вели Биг Мајк.

– Земја на чиста убавина. Земја со уникатна историја. Македонија е полна со вредни и интелигентни луѓе подготвени за промена. Канабисот може да биде таа промена. Со околу 40.000 потенцијални нови работни места по легализацијата, постои огромна можност за Македонија – ако го сторат тоа правилно. Затоа, разговарав директно со премиерот Зоран Заев за фер лиценцирање на канабисот и како да се создаде јасен пат до европскиот пазар. Со економично земјиште, електрична енергија и вода, Македонија е главна локација за бум на канабисот. – вели Мајк.
Тој додава дека е свесен што на многумина од луѓето кои живеат во Македонија им е потребна помош во решавањето на проблемите, но за да се направи влијание потребна е фокусирана енергија.

– Треба да ја вклучите и локалната самоуправа. Ако се чувствувате сами во вашата борба, пронајдете група на истомисленици и започнете заедно да се залагате. Запомнете, гласовите на многумина секогаш ќе бидат помоќни од викањето на еден. Слушајте, знам дека канабисот ќе спаси животи, па дури и ќе ги извлекува земјите од темнина.

Сум го видел тоа од прва рака. Значи, ако сакаме канабисот да биде прифатлив и секојдневен дел на човештвото, треба да му ја покажеме неговата вредност на светот. Луѓето и компаниите исто така треба да започнат да разговараат со законодавните тела, да се организираат. – додава Мајк.

Тој е сопственик на компанијата „Адвенс нутриентс“ која годинава слави 20 години од своето постоење. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Висината, сумата на надоместокот не се открива бидејќи е службена тајна и се исплатува врз основа на доверливи договори потпишани со сите чија задача е преслушување на бомбите, односно нелегално снимените телефонски разговори.

КОД открива: Јанева земала плата од 105.000 денари плус таен надоместок, Јовевски 80 илјади денари

Шокантни детали откива емисијата „Код“ за специјалните јавни обвинители, кои добивале...

Во Кавадарци не издржала ниту 2 часа, а во Неготино целосно исчезнала за 24 часа, а за Прилеп до сега нема информација дали револтираните граѓани извршиле герилска акција.

Двојазични табли во Неготино, Кавадарци и Прилеп – ВЕТУВАЊЕТО НА ЗАЕВ НЕ ВАЖИ!

Покрај Неготино, двојазичните табли биле поставени на Фондовите за пензиско и инвалидско...