Македонија
Анализа
Смртта е составен дел од животот. Погребите имаат обреден карактер и за тоа постојат луѓе кои нудат услуги за работи кои го сочинуваат обредот. Погребалните претпријатија се директно соочени со смртта на луѓето. Смртта пак е трагичен чин сам по себе. Некој човек завршува со својот живот, исчезнува од за нас познато постоење и имате куп ожалостени луѓе поради тоа. Обично погребалните претпријатија поради природата на дејноста не се рекламираат. Дури и кога постои некаква реклама таа не е атрактивна, туку само се пренесува порака дека постои претпријатие кое нуди погребални услуги.

Но, искуството покажува дека не е секогаш така. Токму во Македонија, токму во Охрид се појави бизарна глетка на која уште пострашно е тоа што досега никој не изреагирал
Имено за 2019 година погребално претпријатие „Две солзи“ финансирало изработка на календар со нивен бренд на кој има голи или полуголи жени. Не е јасно од каде произлегува ова идеја на луѓето кои го порачале таквиот календар. Дали сакале да понудат нешто атрактивно и креативно? Да намамат корисници на услуги? Или само станува збор за лош вкус и слаба логика, останува да шпекулираме.
Уште позбунувачко е тоа што погребалното претпријатие „Две солзи“ од Охрид со ваквиот гест на изработка на календарот, претендира да го зголеми и развие бизнисот и профитот
Бизнисот и профитот на погребалните претпријатија се зголемува само доколку има корисници, односно луѓе кои умираат. Дали погребалното претпријатие можеби со убавината на голотијата на женското тело ни кажува колку е добро да се умре и потем да се падне во сигурните раце на погребалното претпријатие „Две солзи“? А со нашето умирање да си го развие бизнисот и профитот?
Изборот на имињата на претпријатијата не треба да се коментира, но зошто солзите во името се баш две?
Не е честа фраза: „Плачам со две солзи“ или „Пуштам две солзи“. Ако го согледате контекстот од календарот, можеби двете солзи алудираат на голите гради на жените – две се и „убави како солза“. Друго логично објаснување нема.
Загрижувачко е колку е бизарен целиот чин и симболиката во него, но уште по загрижувачко е тоа што календарот е од 2019 година. Повеќе од 1 година оние што го виделе календарот молчат и не реагираат на бизарноста. Дали тоа е поради изгубениот осет за работите или поради мрзливост да се истакне реакција е исто така слободно за шпекулација.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Анализа
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.