Тој вели дека само доцнел со уплатите

Објавил: Калина Мартинска | 17 јануари, 2025 10:25

Бизнисменот Ахмети не плаќал концесија за експлоатација на минерални суровини

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Дрин Ахмети завчера даваше исказ во Обвинителството за организиран криминал за злоупотреба на концесијата за рудник кај Кичево откако МВР минатата недела поднесе кривична пријава против него.

Во период од 2016 година до 2023 година кривично пријавените постапиле спротивно на Закон за минерaлни суровини и договорот за концесија за експлоатација на локалитет во општина Зајас, склучен меѓу правното лице и владата, претставувана од страна на тогашниот министер за економија.

Истите биле должни да плаќаат точно утврден годишен надоместок за користење на просторот кој бил доделен со концесија за експлоатација и надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина, и како потписници на сметка на правниот субјект исплатиле помалку концесиски надоместоци во вкупен износ од 1,6 милиони денари, при што предизвикале штета и на буџетот.

Дрин Ахмети и Сашо Мијалков – криминалот, корупцијата и луксузот немаат етнички граници, обвинува ВРЕДИ

Но, Ахмети во емисијата „Код“ вели дека плаќал уредно за концесијата, и дека само имало привремен застој во уплатите.

Јас им објаснив на нив. Им ги обезбедив уплатите. Им ги обезбедив платените камати за доцнењето и им кажав зошто имаше доцнење. Техничките причини зошто имаше доцнење, изјави Ахмети за емисијата „Код“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести