МПЦ - ОА и поглаварот г.г. Стефан го овластиле адвокатот Ване Андреев за свој правен застапник, непосредно пред скандалот со купувањето на огромниот плац спроти Холидеј Ин

Објавил: Мартин Попоски | 14 декември, 2018 9:31

Бизнис партнерот на Заеви стана и адвокат на г.г. Стефан и МПЦ – ОА?

Фото/Текст извор: ©infomax.mk

Струмичкиот адвокат Ване Андреев, кој важи за близок пријател на братот на Зоран Заев, Вице доби и полномошно да ги застапува интересите на МПЦ – ОА во правниот промет во државата

Ване Андреев инаку важи за близок пријател на семејството Заеви, со кои е во блиска бизнис релација.

Андреев се спомнува како бизнис партнер на Вице Заев во намерата за изградба на стамбен комплекс во Скопје на парцела во општина Аеродром во близина на млинот на „Жито Лукс“ на булевар Србија.

Андреев е и адвокат на Зоран Заев.

Неодамна тој добил и ополномоштување да ги застапува интересите на МПЦ – ОА во правниот промет, поточно архиепископот г.г. Стефан а непосредно по избивање на скандалот со намерата за изградба на висококатници во центарот на градот, на парцелата на постојниот паркинг простор спроти хотелот „Холидеј Ин“.

Андреев го застапуваше премиерот во предметите “Пуч” а подоцна и за “Поткуп”. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со свој став денеска на социјалните мрежи се произнесе и поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Пред бугарската фашистичка окупација, 23 години бевме под српска!

Во јавноста се појавија големи реакции откако премиерот Зоран Заев најави дека зборот...

За Митевски, кривичната пријава на три дена пред почетокот на предизборната кампања во која тој ќе се бори за нов четврти мандат за градоначалник на општина Петровец е само обид на власта да се оцрни неговото име.

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ И УШТЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА

Во пресрет на локалните избори градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски,...

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Шандева Доневска рече дека предлогот потекува од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Куманово ќе донира 100.000 денари за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница

Советот на Општина Куманово на вчерашната седница едногласно донесе одлука за давање...