Земјотресот оштетил повеќе од 290 домови , а пукнатини се појавиле на 20 станбени згради, пренесува АТА.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 септември, 2019 10:29

Билансот од земјотресот во Албанија: Оштетени 209 домови, 20 станбени згради и повредени 105 лица!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што соопшти Заводот за сеизмологија на Албанија, вчера во 16:04 часот беше регистриран силен земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтеровата скала, со епицентар во Албанија, во морето меѓу градовите Синѓин и Драч.

На вонредната владина седница одржана на полноќ изјавено е дека најмалку 105 лица се повредени во земјотресот што вчера ја погоди територијата на Албанија.

Земјотресот оштетил повеќе од 290 домови во Албанија, а пукнатини се појавиле на 20 станбени згради, пренесува АТА. Поради земјотресот, албанскиот премиер Еди Рама го откажа патувањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

За сите граѓани чии домови се оштетени и опасни за живеење општинските власти подготвуваат посебни центри каде ќе бидат сместени

Премерот Еди Рама по полноќ, одржа итна седница на Владата. Тој искажа голема благодарност до сите структури, посебно до медицинскиот персонал за нивната несебична ангажираност.

– За среќа нема жртви и ова е една од причините да дишеме полесно. Имаше повредени лица и тие добија лекарска помош, им посакуваме на сите брзо закрепнување. Ќе бидеме со полн капацитет. Сакам посебно да се заблагодарам, не формално, на белите мантили и на сите од здравствениот сектор за добрата организација за се што сторија од случувањето на настанот – изјавил Рама.

Министерката за одбрана Олта Џачка во изјава за медиумите го соопшти првичниот биланс за последиците од двата силни земјотреса.

– До сега главно се регистрирани оштетувања на ѕидови и друга штета во 46 куќи и три станбени згради во Тирана, 42 куќи, главно стара градба и 4 станбени згради во Драч, во Либражд 7 куќи, во општина Клос-Пешкопеја три објекти се оштетени а една куќа урната, од една до четири куќи се оштетени во Берат, Фиер и Лежа. Оштетени се и неколку возила врз кои паднал материјал од објекти. Потврдено е дека земјотресот не предизвикал никаква штета на нафтените извори, рече Џачка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Епицентарот, според Геодинамичкиот институт на грчката национална опсерваторија во Атина, бил 46 километри североисточно од островот Карпатос.

СЕ ТРЕСЕ ГРЦИЈА: Земјотрес од 4,9 степени меѓу грчките острови Родос и Карпатос!

Меѓу грчките острови Родос и Карпатос, во 14.58 часот по локално време беше регистриран...

Според Европскиот центар за сеизмологија, земјотресот бил со јачина од 4,4 степени, со епицентар 10 километри југоисточно од Билишта.

Силен земјотрес со јачина од 4,4 степени, почуствуван во Корча, Албанија(видео)

Попладнево силeн земјотрес бил почувствуван во албанскиот град Корча и околните области. Земјотресот...