
Македонија
Вести
Деветгодишно момче почина на Клиниката за детски болести.
Пред два дена било донесено со срцев застој и влошени витални параметри. Докторите се сомневаат дека неговата состојба е резултат на цревна инфекција. Кога било примено во болница, лекарите се обиделе да го спасат, но реанимација во тој случај и со такви влошени параметри не може да даде никаков резултат, појаснија од Детската клиника.
Во пишано соопштение од ЈЗУ Клиничка болница – Штип, информираа дека детето било донесено на Одделот за детски болести на 14 јануари во 18 часот, во тешка општа состојба и со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска придружба во 19 часот истиот ден, детето е транспортирано до Клиниката за детски болести на скопскиот Клинички центар.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.