Лидерот на правниот тим, Пат Чиполоне, им порача на сенаторите дека на бирачите ќе им го ускратат правото своето мислење за Трамп да го искажат на претседателските избори на 3 ноември, доколку го прогласат за виновен и го сменат од должноста.

Објавил: Македонка Димкин | 26 јануари, 2020 11:51

Било опасно да биде сменет претседателот на САД?

Фото/Текст извор: ©ројтерс / магазин

Адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп почнаа да ја изнесуваат одбраната на судењето за импичмент во Сенатот, тврдејќи дека обидот на демократите да го сменат претседателот ќе постави „многу, многу важен преседан во изборната година.

Лидерот на правниот тим, Пат Чиполоне, им порача на сенаторите дека на бирачите ќе им го ускратат правото своето мислење за Трамп да го искажат на претседателските избори на 3 ноември, доколку го прогласат за виновен и го сменат од должноста.

»Тие од вас бараат да направите нешто многу, многу големо, и би додал, многу, многу опасно. Ќе се покаже дека претседателот апсолутно не направил ништо лошо – рекол Чиполоне.

Претставничкиот дом, каде мнозинство се демократите, минатиот месец изгласаа отповикување на Трамп, врз основа на обвиненијата дека ја злоупотребил службената положба со тоа што ја притиснал Украина да го истражи неговиот противкандидат на изборите Џо Бајден.

По втората точка од обвинението, Трамп контруирал конгресна истрага на тој случај, оневозможувајќи сведочење и прикривање докази. Трамп ги отфрли обвиненијата и целата постапка за импичмент ја опиша како измама.

Се очекува Сенатот да го ослободи, бидејќи за негово отповикување потребни се две третини гласови во домот во кој републиканците имаат мнозинство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

На почетокот на својот говор, рускиот претседател потсети на значењето на јубилејот - 75-годишнината од уништувањето на нацизмот и основањето на ООН.

ПУТИН ЈА ПОНУДИ РУСКАТА ВАКЦИНА БЕСПЛАТНО ЗА СЛУЖБЕНИЦИТЕ НА ООН: Вакцината треба да биде достапна за сите!

Русија е отворена за партнерство во борбата против вирусот и предлага да се одржи видео...

Според него, до крајот на оваа година е можно да се очекува ефикасна вакцина, мнозинството од светската популација може да се вакцинира во текот на следната година, но не и целата популација, како што е случајот со вакцината за сипаници.

Фаучи: Крајот на пандемијата може да се очекува кој крајот на наредната година!

Ентони Фаучи, угледниот инфектолог , директор на Американскиот национален институт...

„Министерството за здравство на Руската Федерација ја започна постапката за регистрација на вакцината  ’EpiVacCorona’. Процедурата за регистрација се планира да заврши до 15 октомври, се наведува во соопштението.

Втората руска вакцина против Ковид 19 ќе биде регистрирана до 15 октомври

Втората руска вакцина против Ковид 19, изработена од сибирскиот институт „Вектор“,...