Ако не беше случајот со трустовите... бевме толку блиску, едноставно бев многу расеан. Затоа ја направив таа пресудна грешка.

Објавил: Перо Милчин | 10 ноември, 2019 15:20

Бил Гејтс: Да не ја направев до сега најголемата грешка “Мајкрософт” ќе беше крал на мобилните оперативни системи

Фото/Текст извор: ©факултети

Бил Гејтс неодамна изјави дека денес сите би користеле „Виндоус мобајл“ доколку „Мајкрософт“ не се најдеше среде истрага за трустови од министерството за правда на САД.

– Не постои сомневање дека тужбата за трустови беше лоша за „Мајкрософт“ и ние ќе бевме пофокусирани на создавање оперативен систем за телефони, па така наместо да користите „Андроид“, вие ќе користевте „Виндоус мобајл“. Ако не беше случајот со трустовите… бевме толку блиску, едноставно бев многу расеан. Затоа ја направив таа пресудна грешка.

Преминувањето на „Мајкрософт“ од „Виндоус мобајл“ на „Виндоус фон“ му овозможи на „Андроид“ да завладее со пазарот, но тоа не е сè – компанијата дури ја пропуштила и можноста да направи свој оперативен систем на атрактивен и клучен уред од „Моторола“.

– Доцневме три месеци – да стигневме навреме „Моторола“ би го користела нашиот систем, а во оваа ситуација победникот земаше сè. Сега, никој никогаш не слушнал за „Виндоус мобајл“, но во ред. Во игра беа само стотина милијарди долари – вели тој.

Никому не му е јасно за кој моторола-уред зборува Гејтс, но вреди да се напомене дека компанијата пред десет години ја лансира серијата уреди „дроид“ со оперативен систем „Андроид“ и тие беа вистински хит. „Моторола“ е една од главните причини што „Андроид“ стана популарен и што „Виндоус мобајл“ пропадна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Кинеската морнарица го тестираше својот најсовремен проектил JL-3 во заливот Бохај во Жолтото море.

АМЕРИКА ВО ШОК: Кина лансира нуклеарен проектил од подморница-Еве кои делови од САД можат да бидат срамнети со земја!

Кина ја тестираше новата ракета испалена од подморница, која е способна да уништи Сан...

Па доколку некој се обиде да ве измами, веднаш блокирајте го на Вибер, а принтскрин може да испратите и на “Вибер“ за да дознаат за спамот и да предупредат за некој друг да не може да биде измамен.

Бидете внимателни кружи нова измама на ВИБЕР- ако ви стигне ваква порака пријавете веднаш

Речиси секој од нас користи Вибер апликација која овозможува полесен контакт, но бидете...

Петтата генерација интернет за мобилни телефни, нуди многу поголема брзина на преземање и пренос на податоци, поголема покриеност и постабилна врска.

МОЌНО: Кина ја стартуваше најголемата 5G мрежа во светот!

Кина завчера официјално ја пушти во употреба најголемата 5G мрежа во светот, а телекомуникациските...

Друштвената мрежа која веќе е голем фактор кога се во прашање вестите, поради огромниот број на корисници кои ги добиваат своите информации преку следење на страни на Facebook, сега посериозно влегува на пазарот за информации.

Фејсбук со нов чекор: Ќе им плаќа на медиумите за клик!

Оваа новина од Facebook се очекуваше веќе одреден период, па дури и излезе неофицијално...