Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс на основа од бројни податоци кои ги собирал, тврди дека во иднина најмногу ќе се бараат образованија од областите на наука, инженерство и економија.
Работниците кои ќе поседуваат знаење од овие области наука, инженерство и економија ќе бидат успешни на светско ниво, а исто така и носители за промена за сите институции, рече Гејтс во едно интервју.
„Притоа јас не мислам на основното познавање на науките, математика и економија. Многу кариери во иднина ќе бидат многу барани, изјави Гејтс. Не морате да бидете стручњак во координирање, но способноста да размислувате на сличен начин како стручњаците, ќе можат да ви помогнат во голема мера„
Бил Гејтс е основачот на Microsoft заедно со Пол Ален и еден од највлијателните луѓе во информатичката индустрија. Уште се занимава со инвестирање, филантропија и пишување. Во Микрософт работи како генерален директор, и сеуште поседува најголем дел од акциите со 6.4%.
Има напишано повеќе книги, додека во периодот од 1995 година па се до 2009 со исклучок на 2008мата кога бил трет. Бил Гејтс е еден од пионирите на индустријата за персонални компјутери и најпознатиот меѓу нив. Повеќе пати бил обвинуван и суден заради неговите бизнис тактики кои се сметале за не компетитивни.
Подоцна тој донира огромни количини пари на разни организации за добротворни цели и програми за научни истражувања преку Bill & Melinda Gates Foundation.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.