Дипломатија

Објавил: Калина Мартинска | 13 ноември, 2024 15:25

Бил или не назначен за амбасадор во Романија? Жерновски се заканува со тужби

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Жерновски, демантира дека „на диво“ бил пратен да ја врши оваа дејност во Букурешт и се закани со тужби кон медиумите.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, откри дека Андреј Жерновски не можел да биде отповикан, бидејќи тој официјално никогаш и не станал амбасадор.

Неофицијално, според извори во МНР, и покрај тоа што Жерновски не ја испочутувал националната постапка за предавање акредитиви во Романија и официјално не бил назначен за амбасадор, тој подолг период престојувал во Букурешт и извршувал амбасадароска должност, што е спротивно на дипломатските протоколи.

Жерновски пак се огласи денеска:

„Откако од медиумите дознав дека, како амбасадор, сум се тепал по официјални приеми во Романија, за што следеше приватна тужба од моја страна, вчера на истиот начин дознав нова вест – дека сум бил амбасадор ‘на диво’.

Не знам на тие медиуми од каде им е и кој им ја кажал оваа ‘генијална’ теза, но знам дека со некои од нив ќе мора да се видиме на суд. Не дека го сакам тоа, но мора да се воспостави ред, бидејќи клеветењето и нанесувањето штета на нечиј личен углед и интегритет е крајно сериозна работа, колку и објавувачите или пренесувачите на вакви невистини да не ги поседуваат наведените особини.

Како доказ за трагикомичните лаги, денеска ја објавувам фотографијата од предавањето на моите акредитиви во романското МНР. Дополнително, онаму каде ќе биде потребно, ќе ја доставам и мојата лична карта во Романија, која се издава на дипломати, на која пишува дека сум амбасадор на Република Северна Македонија во Букурешт. Истата е издадена од Министерството за надворешни работи на Романија.

 

Сиљановска-Давкова отповика седум амбасадори

Многу ми е жал што, поради внатрешните процедури во нашето МНР, разбирливо, не смеам да давам службени изјави додека трае мојот амбасадорски мандат. Се разбира, кога истиот ќе заврши, со задоволство и со страст ќе ги отвориме сите теми. До тогаш, со оние кои шират лаги и клевети, ќе се гледаме на суд“, пишува Жерновски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.