Пацоли на својот Фејсбук профил, објавувајќи слики од пречекот на Клинтон напиша – „Добредојде во твоето семејство во Косово, господине Претседателе“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 јуни, 2019 13:47

БИЛ КЛИНТОН ПРИСТИГНА ВО КОСОВО – НА АЕРОДРОМ ГО ПРЕЧЕКА БЕЏЕТ ПАЦОЛИ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Поранешниот Американски претседател на САД, Бил Клинтон, пристигна денеска во Приштина, по повод 20 годишнината од влегувањето на НАТО силите на Косово.

Бил Клинтон на аеродромот беше пречекан од поранешната претседателка на Косово Атифете Јахјага и министерот за Надворешни работи, Беџет Пацоли.

Пацоли на својот Фејсбук профил, објавувајќи слики од пречекот на Клинтон напиша – „Добредојде во твоето семејство во Косово, господине Претседателе“.

Вилијам Џеферсон бил 42. претседател на САД. Своето претседателство го започнал по крајот на Студената војна во 1993. година. Бил еден од најмладите претседатели на САД, и првиот претседател од Бејби-бум генерацијата на САД. Неговата сопруга, Хилари Клинтон во моментов (јули 2009) е државен секретар на САД.

Бил Клинтон беше пречекан од поранешната претседателка на Косово Атифете Јахјага и министерот за Надворешни работи, Беџет Пацоли.

Бил Клинтон потекнувал од скромно семејство со еден родител. Завршил правен факултет на престижниот универзитет Јеил, а пред да стане политички активен, имал адвокатска канцеларија. На претседателската функција дошол откако претходно бил гувернер на Арканзас
Неговото претседателство го карактеризирале низа социјални мерки, поради што бил омилен кај народот.

Во неговото претседателство, САД имале буџетски суфицит и континуиран повеќегодишен економски раст. Поради ова, неговата популарност во текот на целиот мандат била над 50%, а кога ја напуштал функцијата имал популарност од 66%, што е единствен случај во историјата на САД.

Покрај тоа, негова заслуга е и отворањето на патот за осамостојување на Косово, по бомбардирањето на Србија поради етничкото чистење во 1999. година и воспоставувањето на меѓународен протекторат на Косово.

И покрај својата популарност, бил повикан на одговорност и суден од Сенатот во 1999. поради давање лажна изјава во истрагата против него поради сексуална врска со Моника Левински – волонтерка вработена во Белата куќа. При гласањето, Сенатот не успеал да постигне двотретинско мнозинство потребно за да го разреши претседателот.

Кај нас ќе остане запаметен по тоа што со воена интервенција, а потоа и со преговорите спонзорирани од САД, ставил крај на Граѓанската војна во БиХ во 1995. со Дејтонскиот мировен договор.

Покрај тоа, негова заслуга е и отворањето на патот за осамостојување на Косово, по бомбардирањето на Србија поради етничкото чистење во 1999. година и воспоставувањето на меѓународен протекторат на Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Здравствените служби потврдија дека 23 лица, меѓу нив 5 деца биле прегледани во болниците, но само едно лице било задржано за дополнителен третман на повредите.

Путин ги одликува пилотот и копилотот за безбедното слетувањето на патничкиот Ербас во поле со пченки!

Пилотот на рускиот патнички авион кој остана без енергија во двата мотори откако во...

Имено Морина кој по потерница од Србија од македонските власти требаше да биде испорачан во Белград, но ваквата одлука не беше прифатена па доцна, синоќа беше дочекан во својот дом во родното Ѓаково како херој, пишува приштински „Газета Експрес“.

ВИДЕО: Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина со тапани пречекан вo Косово

Томор Морина,поранешниот припадник на ОВК, беше уапсен на граничниот премин Блаце...

Но наспроти Европа, во Австралија утринава е забележана прекрасна глетка. Имено, Австралија е погодена од бран студен воздух што донесе снег и ветрови од 100 километри на час.

Европа со температури над 40, Австралија под снег

Топлотниот бран е насекаде во Европа. Температури над 40, висок ув индекс, секојдневно...