За лидер на СДСМ

Објавил: Калина Мартинска | 23 јуни, 2024 14:28

Битиќи вели дека еден од кандидатите не верува во социјал-демократските вредности

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Пратеникот Фатмир Битиќи, кој неколку години претходно беше и вицепремиер за економски прашања во владата на СДСМ-ДУИ, во интервју за РСЕ вели дека секојдневно размислувал да се кандидира за нов лидер на социјалдемократите, но, смета дека на партијата не и треба дополнителна поделба и групирање.

Неговиот став е дека кампањата за иден претседател на СДСМ не се одвива на најдобар начин.

Сметам дека изборната кампања за претседател не се одвива на најдобар начин бидејќи не сите учесници во изборната кампања веруваат целосно во вредностите на СДСМ и иделогијата и забораваат дека ова не е лична битка. Ова е битка за партијата, за државотворна партија која покажала низ децении дека се грижи за сите – вели Битиќи.

На прашањето „на кого конкретно мислите?“ Битиќи одговара:

Мислам дека самите ќе проценат. Не многу, еден од четворицата. Луѓе кои претходно бојкотирале или воопшто не ги поддржувале партиските активности а секогаш добивале од нејзе, не може да претендираат за претседателскиот врв.

Прочитај и ова:

Кандидатите за претседател на СДСМ ги претставија своите програми во Кавадарци

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.