Вицепремиерот одлучно посочи дека Владата има силна политичка волја да продолжи растот на минималната, но и просечната плата во државата.

Објавил: Перо Милчин | 1 април, 2021 17:20

Битиќи: Минималната плата и во услови на криза продолжува да расте, нашата заложба е да достигне 18.000 денари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Ние во период на криза, а сметам дека тоа сите го признаваме, направивме исчекор, а тоа е зголемување на минималната плата од 1,7% и тоа е за поздравување, затоа што податоците укажуваат дека треба да се усогласи и минималната плата со критериумите, но искрено мораме еднаш засекогаш да сфатиме во нашата држава дека владеењето на правото почнува од нас самите. Не можеме само заради политички поени да ги занемариме критериумите, кога истите се пропишани со Закон.

Имавме различно гледање на еден од критериумите во Законот за минимална плата, каде стои дека минималната плата се усогласува според процентот на зголемен пораст на бруто домашниот производ, а ние во терминологијата и Државниот завод за статистика познава реален раст на БДП.

Тоа е светска терминологија што се користи за бруто-домашниот производ и мерење на истиот. Синдикатите ценат дека тоа што е дефинирано како пораст, дека БДП може да биде само позитивен, ние тврдиме дека реалниот раст на БДП којшто ДЗС го дава како податок може да биде и позитивен и негативен. Ние имавме негативна стапка на раст минатата година, за жал, од -4,5% и таму беше разликата на толкувањето. Синдикатите велеа дека ние треба да земеме 0 како единица за реалниот раст на БДП, но факт е дека имаме официјален податок за БДП од Државниот завод за статистика.

Вицепремиерот одлучно посочи дека Владата има силна политичка волја да продолжи растот на минималната, но и просечната плата во државата.

„Ние сме докажале дека политичка волја има. Јас сум тој којшто има кажано дека минималната плата се уште не е достоинствена, дека ќе работиме во добри услови. Кога ќе бидат условите такви ќе ја зголемиме минималната плата и до 18.000 денари, но денеска не е моментот да покажеме дали имаме или немаме политичка волја. Само пред 3 години минималната плата беше 8.500 денари во одредени сектори, 9.000 денари во сите сектори. Денеска е 15.194 денари. Тоа е политичка волја. Тоа е доказ дали сакаме или не сакаме“, кажа вицепремиерот.

Вицепремиерот нагласи дека тој лично, но и Владата се на став дека минималната плата треба да биде и над 60% од просечната, но кога економијата ќе биде доволно продуктивна и ефикасна и креира раст којшто тоа може да си го дозволи.

Ние бевме на 40% на минималната плата од просечната плата. Достигнавме до 53,4%. Во овој момент тој е просекот. Да, стремиме кон 60%, но тоа се прави постепено и тоа ќе го достигнеме во еден даден момент. Во владината програма имаме кажано дека минималната плата треба да биде 18,000, а просечната плата 36,000. Тоа е точно тоа што сакаме сите да го гледаме. Ќе одиме уште подалеку, ќе стигнеме и до минимална плата од 22,000 денари кога нема да зборуваме за економска криза“, посочи вицепремиерот Битиќи во своите одговори на новинарските прашања во врска со висината на минималната плата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

– Се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.

Владата дозволи свадби на затворено, а од 15 ноември за влез ќе се бараат две дози вакцина

Владата на Македонија на вчерашната редовна 115-та седница, согласно моменталната епидемиолошка...

Членот на ДИК, Кренар Лога не се согласува со ваквата одлука и истата ја нарекува незаконска. За ова писмено ги известил и останатите членови, пренесе Алсат.

ДИК го смени Упатството и ќе признава за важечки и ливчиња без печат

ДИК на денешната седница го смени Упатството за важечки и неважечки ливчиња и сега...

Зошто АД МЕПСО не ја активирал ТЕЦ Неготино која е резерва за вакви случаеви на криза, а според законот е под негова надлежност и за тоа има финансиски издатоци спрема ТЕЦ Неготино како ладна резерва?

Куштрим Рамадани и Васко Ковачески мора да понесат одговорност за енергетската криза

Уште минатата година, Левица предупредуваше дека со ваква лоша кадровска политика...

Мицкоски посочи дека на СДСМ и на ДУИ им пречи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса и Алтернатива. Граѓаните сакаат коалиции со коишто ќе им се покаже иднината, а не да ги враќаат во минатото.

Со Села направивме коалиција за создавање иднина

„Не е поентата да се занимавате со политика и да делите. Поентата е да се занимавате...