Првото Кино Кабаре ќе се реализира во Битола во период од два последователни викенди. Искористете ја шансата и пријавете се.

Објавил: Васко Белески | 15 септември, 2018 22:52

Битола повторно во центар на кино случувањата-стартува КиноБит

Фото/Текст извор: ©магазин

Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола го објавува повикот за учесници на првото Кино Кабаре во Битола и почетокот на КиноБит, постојаната Кино ќелија во Битола. Оваа ќелија ќе развие програма со настани, вклучувајќи филмски проекции и техники дизајнирани да помогнат во промовирање на изработката на аматерски филмови и видеа. Секоја година планираме да организираме Кино Кабаре настан, во кој учесниците ќе се состанат за да направат „кратки филмови за краток временски период“.

КиноБит е дел од светското Кино движење* кое започна во Монтреал во 1999 година. Ќелијата КиноБит ќе има специјална мисија – да го искористи краткиот филм како средство за промовирање на човековите права во Македонија.

Првото Кино Кабаре ќе се реализира во Битола во период од два последователни викенди. Програмата за првиот викенд (5-6-7 октомври) ќе се фокусира на запознавање на учесниците и формирање на тимови, како и работилници со стручни лица за техничките аспекти на филмот и за промовирање на човековите права преку визуелните уметности. За време на вториот викенд (12-13-14 октомври) учесниците ќе се соберат на тридневен настан за време на кој ќе работат заедно за да подготват, произведат и прикажат кратки видеа.

Лицата заинтересирани за можноста да учествуваат во првото Кино Кабере во Битола се охрабруваат да ја пополнат апликацијата за учесник најдоцна до 24 септември 2018 година.

Учесниците за време на Кино Кабере Битола се очекува да бидат дел од најмалку еден тим како продуцент, режисер, актер, кинематографер, монтажер и друго. Исто така, ќе можат да помогнат за потребите на друг тим. На пример, актер во еден тим и режисер или монтажер во друг. Кино Кабере е проект кој е самостоен, со минимални придонеси од поддржувачите кои дозволија користење на просторот, опремата и слично. Учесниците треба да донесат каква било опрема за снимање на видео (вклучувајќи и „паметни телефони“) и да имаат способности што ќе ги користат или ќе ги споделат за време на Кино Кабаре Битола. Оние учесници кои не се од Битола ќе треба да си обезбедат сместување сами.

Лицата заинтересирани за можноста да учествуваат во првото Кино Кабере во Битола се охрабруваат да ја пополнат апликацијата за учесник најдоцна до 24 септември 2018 година.

Во креирањето на програмата на првата кино ќелија КиноБит, ФОРУМ 16 оствари соработка со граѓанските организации СФЕРА и ЦЕРИ, како и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Центарот за култура-Битола. Лицата кои се заинтересирани да волонтираат и обезбедат техничка или логистичка поддршка, како и оние лица кои можат да помогнат со спонзорства или да помогнат на друг начин, се охрабруваат да се јават на 078 535 606. Поддржувачите ќе добијат кредити во продукциите на Кино Кабере Битола.

Повеќе информации

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Видео