Инвестии во инфраструктурата

Објавил: Узунов Бобан | 20 јуни, 2019 7:31

Битолчани стрпете се, Владата најави изградба на автопат Битола-Прилеп

Фото/Текст извор: ©магазин

Развојот на пелагонискиот регион е многу значаен за целата држава и заради тоа во овој момент инвестираме преку 18 милиони евра во рехабилитација на патиштата. Периодов нашиот фокус е ставен на подготовки за изградба на експресен пат од Битола до Меџитлија и изградба на автопат од Прилеп до Битола, изјави Сугарески

Рехабилитацијата на патниот правец Битола – Демир Хисар се одвива со забрзано темпо и се очекува да заврши до август, најавија денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов кои извршија увид на градежните активности.

Станува збор за инвестиција вредна еден милион евра. Покрај ова, во моментот се работи и на изработка на проектната документација за изградба на експресниот пат Битола – Меџитлија која се очекува да биде готова следната година, а јавниот повик за изработка на проектната документација за автопатот Прилеп-Битола треба да биде распишан годинава.

Тој очекува сериозен скок во реализацијата на капиталните инвестиции во вториот и третиот квартал од годинава.

– Капиталните инвестиции се врвен приоритет. Во ресорот транспорт тие се реализираат со добра динамика. Имаме над 30 проценти реализација во патиштата, над 36 проценти во гасоводот, а во делот на комуналната сфера исто така има силен интензитет на реализација така што реално очекувам вториот и третиот квартал да имаме голем скок на капиталните инвестиции – изјави Сугарески.

Според Сугарески, со забрзано темпо се одвива и изградбата на магистралниот гасовод од Неготино до Битола кој се очекува да биде завршен до крајот на годината.

Од Јавното претпријатие за државни патишта најавуваат дека оваа есен ќе продолжи рехабилитацијата на останатиот пат од Битола до Кичево, а ќе се реконструира и постоечкиот пат од Битола до Меџитлија.

– Исто така, ќе се реконструира уште еден многу значаен патен правец за овој регион – регионалниот пат Битола – Тополчани – Прилеп, а во тек е и јавен повик за поставување на заштитна ограда на обиколницата на Битола. Генерално, можам слободно да кажам дека оваа Влада досега најмногу вложува во Пелагонискиот регион – изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Одговорајќи на новинарско прашање за железничката пруга Битола-Кременица, кон Грција, министерот рече дека градежните работи се завршени, се инсталира оптички кабел и дека очекува да биде наскоро пуштена за сообраќај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Градежниот шут бил извлечен изминатиов викенд од членот на нуркачкит центар „Акватек“, Никола Паскали. Вреќата со плочки која уште мината година минатата година беше лоцирана на дното од езерото.

СРАМОТА: По кадата пронајдена и вреќа со плочки на дното на Охридско езеро

Дека сами си го уништуваме културното наследство, и нашите скапоцености говори и оваа...

До овој момент, немам информации дека Фрики и Кики, високи функционери во власта и во владејачката партија, одлучиле да преземат политичка одговорност за својата блискост со главниот актер на аферата за милионскиот рекет и да понудат соработка со јавниот обвинител. Ако го сториле тоа, нека ми простат за неинформираноста. Ако, пак, се оглушиле на мојот апел, ќе повторам – нивното одбивање да го сторат тоа објективно ја отежнува и ја забавува истрагата.

Героски со нови детали за “Рекет”: Белким не поверувавте дека онаа ботоксирана несреќа е главниот фраер во случајов

Иако беше најавено дека денеска во најновата колумна на новинарот и сопственик на...

Груби вели дека тоа е работа всушност на Советот на обвинител. Ова е забелешка на Артан Груби за предлогот на премиерот Зоран Заев обвинителката Вилма Рускоска да ја замени специјалната обвинителка Катица Јанева.

Груби: Не е работа на Собранието или Владата да одредуваат прв човек на новото обвинителство

Артан Груби, пратеникот на ДУИ истакна дека не е работа на Собранието или Владата...

- Денеска е 7-ми ден, ни помина цела недела како никој не знае каде е Катица Јанева. Спасовски се прави недоветен зошто би ја следел, а пред очи ни се случува најголемата криминално-политичка афера каде што Катица Јанева е директно вмрежена со првоосомничениот и второосомничениот. Имаме директни јавни признанија од обвинителката Вилма Русковска дека Катица Јанева контактирала со првоосомничениот Боки 13 за конкретниот рекет и се уште никој не знае каде е Катица Јанева, а не пак да биде приведена и сослушана, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес-конференција.

Заев е главата на октоподот: Русковска, ЗАев и Спасовски свесно и даваат простор на Јанева

Потпаролот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој изјави дека Заев,...