Се уште неизвесна одлуката за статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО од на 44 сесија на комитетот за светско наследство. Дебатата беше во насока дека е направен голем прогес од двете држави и од Македонија и од Албанија, но сепак се уште е потребно да се направи за заштита на регионот, објави OhridNews!
На расправата за Охридскиот регион беше отворена дилемата дали всушност се прави услуга на регионот ако не биде ставен на Листата на загрозени подрачја.
Од македонска страна обраќање имаше министерката за култура Ирена Стефоска која истакна дека државава останува посветена на зачувување на културното и историското наследство. Таа ги појасни активностите кои се преземени во изминатите две години, а кои се однесуваат на препораките од реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година и побара дополнително време за да се реализираат препораките.
Од албанска страна беше истакнато дека работат на препораките од УНЕСКО, но дека истите се спроведуваат во тешки времиња за државата Албанија се соочува со последици од земјотресите и заздравува од пандемијата од Ковид-19, истакнаа од албанската делегација. Во своето обраќање истакнаа дека како и целиот свет и тие се соочуваат со дилемата – заштита на историското наследство од една и напредок и модернизација од друга страна.
Расправата беше прекината по претставувањето на Амандманот од Босна и Херцеговина, во кој се бара на државите (Македонија и Албанија) да им се остави уште две години време за спроведување на препораките.
Членовите на 44 сесија на комитетот за светско наследство најавија дека ќе ја донесат одлуката по разгледување на Амандманот од Босна и Херцеговина. Предлогот на БиХ наиде на негодување кај дел од делегатите, поради немање конзенсуз одложено беше донесувањето на конечната одлука за статусот на Охридскиот регион. Истата се очекува да биде донесена по дополнителни консултации кои се во тек.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.