Според него и на овие избори не видовме ништо конкретно, и вели дека најдобро е сега да се направи широка коалиција, без ДУИ. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јули, 2020 11:13

Биљали: Премиер Албанец е најголема измама што им се случила на Албанците!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото денешен.мк

Политичкиот аналитичар Мерсел Биљали, во колумна за Денес Магазин ги анализира предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули. 

Според него и на овие избори не видовме ништо конкретно, и вели дека најдобро е сега да се направи широка коалиција, без ДУИ. 

Па сешто од непотребното и скоро ништо од потребното. Фалење, празни фрази и слогани, оцрнување на другите, навреди и бомби кои праќаат порака дека има и бетер од нас. ДУИ од немањето што, мораше да го понуди „премиерот Албанец“ (не знам зошто двете други две парти не ги нарекуваа нивните кандидати како „премиерот Македонец“, за да докрај да биде глупо). Ако не можело да биде нормално, барем да било смешно и забавно. Премиерот Албанец требаше да собере незаслужени гласови од лаичката маса, кои априори квалитетот го третира за етничко. Тоа е најголема колективна измама што им се има случено на Албанците последниве 50 години. Не знаеа дека контролата на умот често доведува до неконтрола на безумието. Заев и Мицковски, солидно со нивните изјави го потпомогнаа тоа. Поинаку, кога интегративците би понудиле нешто економско и развојно, многу луѓе би умреле од смеење. Сите знаат, од Брисел до Вашингтон, па и самите гласачи на тој субјект дека полесно може да ве погоди некој метеор или астероид, отколку да видите економска понуда од ДУИ. А уште помалку реализација. Можете да најдете развојни идеи и кај aмазониските племињата Kajaпо, или кај познатото племе Мура, ама кај интегративците ептен тешко. Тие изборите ги третираат како фрлање коска за секого со цел да не лае, ама и да мавта со опашката. Полнеле колку што можеле во околу 70 избирачки места, купувале, изнудиле и пак ваков ризичен резултат. Процентот на излезеност кај Албанците е околу 33 отсто, а во Зајас и во многу други избирачки места на ИЕ-1 и 6 е над 80 отсто. А сите знаат дека во Зајас нема повеќе од 25 отсто гласачи присутни после 20 години бела чума! Во држава каде се почнуваат преговори за членство во ЕУ ова да се дозволи, во најмала рака е политичко самоубивство.

-Со години и децении изборите кај албанскиот дел стана чиста фарса. Во суштина тоа е само психолошка војна меѓу чесни и нечесни. Меѓу маса обични граѓани и грст криминалци. Меѓу младите кои бараат нешто ново и неписмените локални и централни функционери на партијата на власт кои со сите сили го чуваат старото. Меѓу надежта за подобра иднина и заробениците на истата. За тие кои ги знаат основните параметри на општата безбедност, ваквата состојба може да ескалира во сериозен безбедносен предизвик. Да останете 20 години со сила на власт без конкретни резултати и дела (освен ако егзодусот не го сметате за успех), не може да заврши поинаку освен со насилство. Овие луѓе (ако воопшто може да се сметат за такви), не ја знаат ни буквата „Б“ од безбедност, ни буквата „Е“ од економијата, ни буквата „О“ од образование, ни буквата „Д“ од демократијата, а ние очекувавме напредок од нив. Исто како да очекувате од волците да ви ги чуваат овците.

Најдобро решение е широка коалиција без ДУИ, на која статусот опозиција ќе и дојде како лек за метастази. Тоа ќе и дојде како на Сахара дождот. И за нив самите е корисно едно генерално прочистување. Поинаку појаки објективи за општа револуција од сега никогаш немало. Не може паметниот да попушти колку што будалата може да стегне. Че Гевара кажал – кога станувате револуционер како поединец – сите ќе ви се смеат и ќе ве сметат за будали. Кога станувате тројца или четворица, ве сметат за фанатици. Кога станувате десетици, тогаш ве сметат за екстремисти. Кога ќе се соберете стотици или илјадници, тогаш сте радикали. И на крајот кога ќе победите, сите тие кои на почетокот ве оговараа ќе се фалат колу се заслужни за вашата победа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести