Како што пренесува телевизијата ваквиот лек препознава генетска абнормалност и го напаѓа туморот без разлика каде се наоѓа во телото и британските лекари кои го тестирале изјавија дека се „многу возбудени околу оваа нова работа“. Името на одобрениот лек е „larotrectinib“. Двегодишно девојче од Бристол беше еден од првите корисници на овој лек.

Објавил: Мартин Попоски | 5 февруари, 2022 7:41

БИ-БИ-СИ: Конечно одобрен „револуционерен“ лек против рак

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Европа за прв пат беше одобрена употребата на нова „револуционерна“ класа лекови со која можат да се третираат разни видови тумори, пишува Би-Би-Си.

Рак (медицински термин: малигна неоплазма) е класа на болести каде што група на клетки пројавува неконтролиран раст преку поделба надвор од нормалните граници, напаѓање и врзување со соседните ткива, и понекогаш појава на метастази, кои ги шират клетките на други места во телото преку лимфниот систем и крвотокот. Овие три малигни својства го одвојуваат ракот од бенигните тумори, кои се самоограничени и не напаѓаат ниту метастазираат.

Како што пренесува телевизијата ваквиот лек препознава генетска абнормалност и го напаѓа туморот без разлика каде се наоѓа во телото и британските лекари кои го тестирале изјавија дека се „многу возбудени околу оваа нова работа“. Името на одобрениот лек е „larotrectinib“. Двегодишно девојче од Бристол беше еден од првите корисници на овој лек.

– Знаевме дека нашите опции се ограничени и затоа се решивме да пробаме и мило ми е што направивме така. Имавме можност да видиме како Шарлот расте и заздравува со голема брзина. Таа сега може да има релативно нормален живот и најважно од сѐ, лекот имаше неверојатен ефект на туморот, изјавила нејзината мајка Естер.

Како што објави Би-Би-Си туморот кај Шарлот бил предизвикан од генетска абнормалност позната како фузија на гени и таа не е својствена само за еден тип рак.

– Позитивно е што лекот делува на разни видови рак, тој напаѓа абнормалност, изјави д-р Џулија Чисолм од Кралската болница Марсден.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.