Култура
Горда мајка“ е рефренот со кој Благица Калева победи на 33-то издание на фестивалот „Фолк фест Валандово“.
Познатата пејачка која пред 15 години во сообраќајна несреќа ги изгуби ќерката Викторија и сопругот Костадин со уште една емотивна балада инспирирана од нејзиниот живот ги освои симпатиите на публиката. Овојпат, со песна посветена на ќерката Марија.
– Вечерва имам голема одговорност, бидејќи пеам толку емотивна нумера што нема ниту јас, ниту тие што ќе ја слушнат да останат рамнодушни. Пеам за мојата ќерка. Таа е мојот живот, мојата светлина во животот. За неа живеам и се борам. Редно беше и нејзе да ѝ посветам песна од мојата ризница. Ова е уште една чувствителна композиција поврзана со мојот живот – изјави Калева пред настапот.
Автори на победничкиот рефрен се популарниот фолк-интерпретатор Горан Тодоровски, Дејан Миленковски и Ице Беличев кои заедно со Благица ќе ја поделат премијата од 1.500 евра.
Филип Божиновски втор
Младиот пејач Филип Божиновски кој синоќа првпат се натпреваруваше на фолк-фестивал го освои второто место (1.000 евра) и наградата за најдобар дебитант (500 евра). Интересен е и моментот што композицијата со која се претстави е дело на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, познат авторски тандем од македонската поп-сцена. Третопласиран е докажаниот интерпретатор Благоја Грујовски. Во негово име наградата и чекот од 750 евра го подигна авторот на рефренот, Григор Копров. Со парична награда (500 евра) од Валандово си замина и Мартин Вучиќ кој беше прогласен за најдобар аранжер. Идентична сума ќе им биде исплатена и на Орце Зафировски (најдобар текстописец) и на Мерима Његомир (најдобра интерпретација).
Новото раководство на фестивалот одлучи годинава да го намали наградниот фонд, но и да го промени начинот на гласање. За најдобрите одлучуваа седумчлено жири (60 отсто) и публиката во салата (40 отсто). Телефонско гласање немаше.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Фолк
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.