Ова овошје се препорачува доколку имате болест на цревата односно доколку имате запек, воспалителни состојби и инфекција на цревата, пореметено варење и празнење особено при патување или промена на климата емете неколку јапонски јаболка нема да погрешите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 декември, 2019 20:25

Благодети на Јапонското јаболко- најлековитото овошје на есента

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јапонското јаболко е едно од најздравите есенски овошја кое е лек за многу болести.На прв поглед наликува на домат но јапонското јаболко е всушност сочно и благо овошје кое содржи бројни лековити својства како витамин Ц, а има малку калории.

Јапонското јаболко се користи во лекувањето на следниве болести:

Јапонското јаболко е богато со флавоноиди, особено кверцетин, што го прави пожелна состојка во третманот на кардиоваскуларни заболувања. Источната традиционална медицина го користи само јапонското јаболко за да помогне во лекувањето на цревните воспаленија, хемороиди, заболувања на желудникот и црниот дроб. Еден плод од јапонското јаболко содржи 12,6 мг витамин Ц, кое претставува 21% од препорачаната дневна доза на овој витамин.Исто така, плодот од јапонското јаболко има многу растителни влакна и со тоа го намалува нивото на холестерол во крвта и учествува во регулирање на варењето.

Ова овошје се препорачува доколку имате болест на цревата односно доколку имате запек, воспалителни состојби и инфекција на цревата, пореметено варење и празнење особено при патување или промена на климата емете неколку јапонски јаболка нема да погрешите.

 Јапонските јаболки се добри и за желудникот, односно при настинат стомак, гастроентеритис, лошо варење.

Поради своите лековити својства се препорачуваат и за лекување на хемороиди (спречува тврда столица и делува поволно на празнењето на цревата), болести на црниот дроб и жолчката (се консумира при замастен црн дроб, слаба работа на црниот дроб, слабо излачување на жолчката)

Доколку имате дијареа во тој случај се препорачува да го вариме плодот.

Запроблеми со дишнитепатишта како компликации со бронхиите, сува кашлица се препорачува исушениот зрел плод од јапонското јаболко.

– свежиот сок од јапонско јаболко помага при лекување на висок притисок,се лекуваат и болести поврзани со нервите (смирувачки делува на нервите кои ги релаксира и зајакнува), го зајакнува имунитетот.

Јапонското јаболко води потекло од Јапонија, каде дрвјата на ова растение можат да се најдат стари до пет века. Се појавило во Европа во средината на 19 век, и се одгледувало само во Јужна Америка од крајот на 19 век.

Ова дрво дава плодови во секое годишно време, во зависност од видот, како и плодовите кои можат да бидат во форма на обично јаболко, срце, сплескани или долгунести. Исто така, постојат големи разлики во големината и тежината на јапонското каки јаболко – од неколку стотици грама до скоро килограм. Бојата на јапонското каки јаболко, оди од светло жолто-портокалова до темно портокалово-црвена. Целото овошје може да се јаде, освен цветот и семето. Тоа достигнува целосна форма, арома и боја само кон крајот на сезоната на растење, на средината на есента. Плодот има специфична чувствителност на температурни промени и мрзнее на температури под -15 °. Високата концентрација на танините кај незрели плодови обезбедува горчлив вкус, а кога се комбинира со доволна количина на каротеноиди во овошјето, делува како силен антиоксидант.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Никола Пановски е поранешен директор на Фондот за здравство. Според него можеби скопските општини Чаир, Аеродром и Сарај би требало да бидат ставени во целосен карантин!

Пановски: Која медицина е тоа да олабавуваш мерки кога бројот на случаи расте!

Вчера непосредно по целосно укинување на полицискиот час, Д-р Никола Пановски гостуваше...

Ковачки се осврна и на моментот со спорењето на Гоце Делчев, и вели дека тој е во срцето на секој Македонец , исто како што е Ататурк за Турците...

Ковачки: Промената на името на униформата на АРМ и неинтонирање на химната е поразително!

Вчера вечер, во гостувањето на ТВ Алфа, полковникот во АРМ, Драган Ковачки, зборува...

М.Р. (31) дека таа и нејзината мајка К.Р.(62) по претходна расправија биле физички нападнати од нејзиниот татко С.Р.(64) при што и биле нанесени телесни повреди.

ЧУЛЕВ: Уапсен таткото на Моника Ристеска кој брутално ја претепа својата ќерка!

Во однос на фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа лице со повреди...