Нашиот талентиран музичар Благој Ламњов е македонски кларинетист кој живее во Шведска и континуирано работи за многу од најголемите институции како Операта на Малме, театарот НС град Стокхолм, универзитетот на Гетеборг и универзитетот на Лунд.

Објавил: Сара Фемина | 13 јуни, 2020 19:42

Благој Ламњов заедно со Шведска филхармонија ја изведуваат македонската песна “Сербез Донка”(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот кларинетист, Благој Ламњов, кој живее и работи во Шведска на прекрасен начин ја претставува Македонија низ целиот свет.

Неодамна Ламњов беше солист на симфонискиот оркестар во концертната сала Луи де Жер (Louise de Geer) во Норшопинг од кој свиреше две дела од кои едното беше велешката песна Сербез Донка (или како што се вика во неговиот албум, Two Happy Squirrels).

Нашиот талентиран музичар Благој Ламњов е македонски кларинетист кој живее во Шведска и континуирано работи за многу од најголемите институции како Операта на Малме, театарот НС град Стокхолм, универзитетот на Гетеборг и универзитетот на Лунд.

Неговиот деби албум „Носталгична љубов“ полека си го пробива патот до светската сцена.

Албумот Носталгична Љубов (Nostalgic Love) е составен од песни без зборови (инструментална музика) , кои најголемито влијание го имаат од македонската музика, зачинети со ноти од други светски жанрови на музика. Интересен факт за албумот е тоа што привлече луѓе кои претходно никогаш не го слушале инструментот кларинет. Сега го слушаат овој албум дома или во кола.

Повеќе за животот и делото на Благој Ламњов ќе ви откриеме наскоро во интервјуто што го подготвивме за нашиот портал, со нашиот светски познат музичар, кој со неговата музика допира до срцата на Македонците низ целиот свет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

45-от, за прв пат хибриден МOT ќе се случува на три сцени, вашите топли домови, МKЦ и Универзална сала.

45. MOT 2020 се отвора со премиера на „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“

45. MOT 2020 се отвора со премиера на „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“! 45-то...

Краткиот видео документарец за скопската музичка сцена беше снимен во септември и октомври, 2020 година. Монтажата е на Милан Блажевски!

Скопската музичка сцена е дел од програмата на фестивалот Le Guess Who!

Како резултат на светската пандемија, Le Guess Who? фестивалот од Утрехт, Холандија, се адаптираше...

Градот Скопје и МКЦ го поддржуваат овој меѓународен музички фестивал, а наш претставник ќе биде составот Фолтин.

СКОПЈЕ СЕ ПРИКЛУЧУВА ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА МУЗИКАТА (EUROPEAN MUSIC DAY)

Скопје годинава ќе биде еден од 12 градови кои ќе го одбележат Европскиот ден на музиката...