Мајката Прети Верма (27) изјави за „Хиндустан тајмс“ дека ги избрале овие имиња за да ги потсетуваат на тешките околности во кои добија две здрави деца. Сепак, додадоа дека ова не е конечна одлука и дека може ќе ја променат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 април, 2020 15:13

Близнаци родени во време на пандемијата добија имиња Корона и Ковид!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако пандемијата од Коронавирус не им донесе ништо добро на повеќето луѓе во светот, младите родители од Раипур централниот дел во Индија решија на нивните новородени близнаци за време на пандемијата да им ги дадат имињата Корона и Ковид.

Младите родители од Раипур централниот дел во Индија решија на нивните новородени близнаци за време на пандемијата да им ги дадат имињата Корона и Ковид.

Мајката Прети Верма (27) изјави за „Хиндустан тајмс“ дека ги избрале овие имиња за да ги потсетуваат на тешките околности во кои добија две здрави деца. Сепак, додадоа дека ова не е конечна одлука и дека може ќе ја променат.

– Благословена сум со близнаци, девојче и момче, ги родив во раните утрински часови на 27 март. Досега ги нарекуваме Корона и Ковид. Јас се породив во тешки околности, па јас и мојот сопруг сакавме денот кога го добивме нашиот најубав подарок од Бог, да биде запаметен. Кога медицинскиот персонал започна да ги вика така, решивме да им ги дадеме имињата по пандемијата, изјавила Прети.

Таа, исто така, раскажа низ што се поминала од моментот кога започнале породилните болки до моментот кога ги родила близначињата.

„Доцна вечерта започнаа болките. Не знам како мојот сопруг успеа да ја добие брзата помош и тие дојдоа кај нас. Поради изолацијата, сообраќајот беше забранет и полицијата неколкупати нè запре, но тие нè пуштија да продолжиме поради мојата состојба. Не знаев што да очекувам во болницата бидејќи веќе помина полноќ, но лекарите и медицинските сестри беа многу љубезни “, рече младата мајка.

Раководителот на болницата Шубра Синг откри за медиумите дека мајката и бебињата се во добра состојба и се пуштени дома, пренесува Индекс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Покојниот командант на паравоените сили во емисијата „Минимакс“ емитувана во 1996 година откри како го добил својот надимак.

Конечно откриено: Еве како Жељко Ражнатовиќ го добил прекарот Аркан!

Веројатно многу пати сте се прашувале зошто Жељко Ражнатовиќ го викале Аркан? –...

селото Радожда е прекрасно место за сите кои бараат природна убавина, мир и опуштање, како и за оние кои бараат да истражат културата и историјата на Македонија.

Радожда – село со нај широк поглед на Охридско Езеро, рибни ресторани, пештерска црква и мир и спокој

Радожда е  едно од најубавите места во Македонија, каде што секој оној кој сака...