Од 7 часот наутро машинскиот персонал во Железници транспорт ја бојкотираше работата!

Објавил: Владо Марин | 5 февруари, 2020 6:26

Блокиран Железничкиот сообраќај: Машиновозачите излегоа од локомотивите, бараат 30 посто надомест!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Железничките станици вчера останаа без ниту еден работник. Од 7 часот наутро Машинскиот персонал во Железници Транспорт ја бојкотираше работата.

Персоналот бара зголемување од 30 на 40 проценти на надоместокот на плата за квалитет, за кој велат дека им следува поради зголемен обем на работа и недоволен број на персонал.

„Само уште 10 насто, а тоа се околу 1200 до 1500 денари по човек е барањето за да одиме на работа. 140 машиновозачи се потребни, а имаме 64, од кои 16 годинава ќе заминат во пензија. Пред некое време на систематски преглед во Струмица беа 35 колеги од кои половина ќе заминат во Германија. Им организираат курс по германски и тие за 11 месеци ќе заминат на работа во Германија. Кој ќе работи не знам. И дали некој размислува воопшто за тоа. Ќе нема кој да ги вози возовите.“ изјави за 24 вести – Душко Чакаровски, машиновозач во МЖ Транспорт.

Директорот на МЖ Траснпорт Орхан Муртезани не сакаше да застане пред камерите на 24 вести.  

„Раководството одржа повеќе состаноци со погоре наведениот синдикат на кои беше укажано дека предметните побарувања од машинскиот и извршен персонал се надвор од финансиските можности на Друштвото.“

Во соопштение стои и дека платите на машиновозачите во декември се зголемени за 5 % и се повисоки од оние на дипломираните инжинери во Железницата.

Министерот Сугарески апелираше машиновозачите да продолжат со работа. Тој вели дека е подготвен да разговара со персоналот!

„ Во мојот разговор вчера со нив укажав дека во делот на измени на систематизации секогаш и јас како ресорен министер и управниот одбор сме подготвени да преговараме, не по цена да има уцена и не по цена да се наруши и да се прави штета на работењето.“ вели- Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...