Таткото на Новак Ѓоковиќ, побарал од Боба да инвестира 500.000 евра во младиот тенисер, односно неговата идеја била тој да добива по 15% од секој договор кој ќе го склучи Ѓоковиќ, но Боба ја одбил ваквата понуда велејќи дека таквата инвестиција нема смисла.

Објавил: Сара Фемина | 16 мај, 2022 4:14

Боба Живоиновиќ не сакал да инвестира во кариерата на Ѓоковиќ- изгубил многу пари поради таа грешка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Боба Живоиновиќ, сопругот на познатата пејачка Лепа Брена, кој е поранешен српски тенисер пред 20 години одбил да инвестира во кариерата на Новак Ѓоковиќ, иако неговиот татко тврдел дека е голем талент и во него се крие потенцијал за добар тенисер.

Новак Ѓоковиќ е роден во Белград, СФР Југославија на 22 мај 1987 година, од родителите Срѓан и Дијана Ѓоковиќ. Неговите двајца помлади браќа Ѓорѓе и Марко, исто така, се тенисери со професионални аспирации. Новак е оженет со Јелена Ристиќ!

Таткото на Новак Ѓоковиќ, побарал од Боба да инвестира 500.000 евра во младиот тенисер, односно неговата идеја била тој да добива по 15% од секој договор кој ќе го склучи Ѓоковиќ, но Боба ја одбил ваквата понуда велејќи дека таквата инвестиција нема смисла.

Доколку Боба ја прифател понудата на таткото на Ноле, да добива по 15% од секој договор на младиот тенисер, денеска семејството Живојиновиќ би имало 18 милиони евра само од договорите, хонорарите и спонзорите на Ѓоковиќ.

Како што во едно интервју мајката на Ѓоковиќ откри дека нивната финансиска состојба не била сјајна, но се труделе да му овозможат на Ѓоковиќ се што е потребно за неговата кариера, така и неговиот татко никогаш не криел дека често позајмувал пари за да може неговиот син да тренира редовно и да може да го достигне она што е денес.

Но, како што велат постарите, Кругот се врти, па сега Ѓоковиќ е светски тенисер па спонзорите сами доаѓаат кај нив.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска наполни 50 години.

Шекеринска не ги крие годините, напротив, вели дека се прекрасен подарок, а најмалку од се само бројка.

Радмила Шекеринска наполни 50 години

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска наполни 50 години. Шекеринска...

Целата историја на Европа е поврзана со Македонија, затоа Европа ја подели Македонија во 1913...

Черчил за нашата држава: Целата историја на Европа е поврзана со Македонија, затоа сите ја негираат

Винстон Черчил е еден од поважните политичари на 20 век. Најпознат е по неговата улога...