Вчера на порталот Економски Лидер како дел од проектот на порталот кој повикува на општествена одговорност на огласувачите во медиумите беше обелоденето дека Бобо Дајнерс има љубовница во Белград.
Тотално е неважно дали Божидар Јанковски (а.к.а Бобо Дајнерс) има љубовница во Белград и дали постојат нивни заеднички фотографии. Тоа нема никаква врска со јавниот интерес за кој еден медиум (како што е нашиот), треба да работи.
Бобо има сопруга која е успешна политичарка, има и прекрасна ќеркичка која не би сакала да го види ова, но, за жал тој континуирано финансира вулгарни портали како „Мактел.МК“ кои навредуваат, шиканираат и омаловажуваат личности кои исто како и нив немаат никаква вина, ниту пак ги интересира политика.
Овој текст нема намера да го омаловажи или навреди Бобо, заедно со неговата фамилија, но има намера да го освести и да преку својата компанија Дајнерс да престане да финансира квази-новинарство во кое се занемаруваат етиката и сите професионални стандарди.
*Овој текст е дел од проектот на Економски Лидер кој повикува на општествена одговорност на огласувачите во медиумите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.