
Македонија
Вести
Денеска на презентацијата за предложениот ДУП, што се одржува во Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ го презентираше планот за Мал Ринг и посочи дека тоа не е нешто што го прават за да протуркаат нешто, туку да отстрануваат дел по дел од проектот „Скопје 2014″.

Мора да одиме чекор по чекор, рече градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
Богдановиќ истакна дека на планот се работи повеќе од една година, а сите работи што се преземени се направени точно и прецизно без да се направи каква било штета.
Во сите постапки клучна работа беше да го вратиме во управување државното неизградено земјиште особено за делот во Малиот ринг односно поврзано со т.н проект Скопје 2014. Во изминатиот период се изнаслушав дека сакаме да легализираме делови од Скопје 2014. Со новиот предлог план се прави спротивното, почнвнува да се стопира и да се брише се она што било зацртано во тогашнио проект Скопје 2014, рече Богдановиќ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.