Никогаш не ја сфатив целта на таквиот став. Од една страна, поентата на граѓанскиот активизам е граѓанско учество во политичките процеси, а изборите во демократските општества се најелементарниот политички процес на директно граѓанско учество!

Објавил: Владо Марин | 17 јули, 2020 6:08

Богоевски: Апасиев нема да запре додека целата држава не му е под малото, фашистичко стопало

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Без разлика на позитивните очекувања и довербата со која влеговме во коалицијата, овие четири години коалицирањето со ДУИ беше многу тешко. Сега, ќе биде уште потешко, а цената за тоа ќе биде уште повисока. А замислете, со еден или два пратеника повеќе – ДУИ можеше да замине во историјата, заедно со Мицковски. Ама ако, ќе почекаме некоја наредна прилика.
Долго време одбегнував да пишувам на оваа тема бидејќи можеше да биде перцепирано како обична предизборна реторика, а не преку искреноста на самиот став, пишува на социјалните мрежи поранешниот пратеник на СДСМ, Павле Богоевски!

Па и јас сум разочаран, друштво. Да, разочаран сум од многу работи кои се случија и не се случија во политиката овие четири години, но најмногу сум разочаран од тоа како, преку ноќ, ситуацијата се претвори од „заедничка битка, во која гинеме сите ако треба“ во „ваш проблем (на тие кои решивме битката да ја продолжиме во институциите)“, вели Богоевски!

Овде не говорам за тие кои суштински критикуваа. Ниту за тие кои не беа задоволни од СДСМ, па одлучија својот глас да го дадат на некој друг, или сами да се вклучат во битката. Секоја чест на нив, посебно на храброста на последниве. Исто така, овде не говорам ниту за тие кои очигледно се продадоа за свој интерес, како одредени несуетни новинари и испрдоците слични на нив.

Овде говорам за оние од нас, кои дозволија нивната индивидуална разочараност, иако искрена, да биде посилна од интересот на општеството и интересот на државата. За оние кои одбраа да не учествуваат во изборниот процес и да повикуваат на негласање.

Никогаш не ја сфатив целта на таквиот став. Од една страна, поентата на граѓанскиот активизам е граѓанско учество во политичките процеси, а изборите во демократските општества се најелементарниот политички процес на директно граѓанско учество. Уште повеќе, Шарената Револуција беше директно преземање на одговорноста за случувањата во државата од страна на самите граѓани.

Доколку и покрај ова, повторно не сакате да гласате – тоа си е ваше прво. Ама, организирано повикување на други граѓани да не учествуваат во процесите поради тоа што на вас не ви се допаѓа играта или играчите – тоа е еднакво недемократски и деструктивно како и #Бојкотирам. Дури и резултатите од тоа ќе бидат слични – нужни политички компромиси со субјекти на кои демократијата не им е високо на листата на приоритети.

Од друга страна, какво беше очекувањето со негласањето? Дека со казнување, пред се’ на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ ќе ги земе предвид интересите на „разочараниот дел од граѓанското општество“ и дека ќе ви ја реализира жедта за правда? Дека ДУИ ќе ги вклучи граѓаните во политичките процеси? Или дека сега, робеспјер фашизоидниот ќе ве тргне од листата на „сороспии“ кои сака да ги стрела?

Без разлика на позитивните очекувања и довербата со која влеговме во коалицијата, овие четири години коалицирањето со ДУИ беше многу тешко. Сега, ќе биде уште потешко, а цената за тоа ќе биде уште повисока. А замислете, со еден или два пратеника повеќе – ДУИ можеше да замине во историјата, заедно со Мицковски. Ама ако, ќе почекаме некоја наредна прилика.

Честитки за СДСМ и коалицијата – навистина одличен резултат имајќи ги предвид сите околности и уверен сум дека ќе покажат дека можат уште подобро и уште повеќе, потенцираше Богоевски!

п.с. Честитки и до апасиев – со мала напомена – неговите амбиции не завршуваат со два пратеника. Тој нема да запре додека целата држава не му е под малото, фашистичко стопало.

Павле Богоевски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...