ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.
Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јули, 2020 11:03
Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!
Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување во емисијата Само Вистина, на Канал5, говореше за изборите кои се одржаа на 15 јули. Тој истакна дека ДУИ има многу добра положба за преговарање, а воедно и рече дека се согласува со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин.
Павле Богоевски (14 февруари 1986, Скопје) — македонски граѓански активист и независен пратеник во деветтиот состав на Собранието на Република Македонија.
Од чиста логика искрено се надевам дека ДУИ ќе оди во опозиција. Не ја исклучувам опцијата дека Заев ќе собере 61 пратеник без ДУИ. На нашата сцена не се непознати математиките на прибирање на пратениците, понекогаш и од спротивниот табор, преку лобирање, убедување итн, не би ја бутнал таа врата. ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.
Законот за амнестија беше политички пазар за промена на името со цел влез во НАТО и ЕУ, а референдумот е успешен без одлука, рече Богоевски.
За потсетување, Павле Богоевски си поднесе оставка од функцијата пратеник на Собранието, откако во јавноста излезе аудио снимката за аферата на која тој нарачува масло од канабис за својата сестра.
– Снимката која се појави на руски социјални мрежи како наводно нарачувам кокаин а всушност масло од канабис е стара неколку месеци и е направена од скопски таксист кој ме снимал додека зборувам на мобилен телефон, рече тогаш Богоевски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.