Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста!

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 април, 2021 13:27

Богоевски: Ма, какви уставобранители, тие се Терористи и ништо друго

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неколку илјади луѓе денеска протестираат од пред Влада до Собрание под мотото Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“. Учесниците на протестот носат транспаренти и маици со кои се бара безусловно ослободување на затворените за 27 април, кои се осудени за упадот во Собранието во 2017 година!

„Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод протестот за поддршка на осудените за тероризам за настаните од 27-ми април.

Тој како и голем дел од неговите сопартијци е присутен на протестот!

Екс пратеникот од редовите на Сдсм, Павле Богоевски на социјалните мрежи напиша дека осудените за крвавиот четврток се терористи и ништо друго!

Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста
Член 313 КЗ на РСМ

Тој што со намера да го загрози уставниот поредок (ЧИТАЈ: мирна транзиција на власт) или безбедноста на Република Северна Македонија (ЧИТАЈ: упад во законодавниот дом) ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија (ЧИТАЈ: пронајдени импровизирани експлозивни направи во Собрание на РСМ по 27. април), пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство (ЧИТАЈ: обид за егзекуција, тепање и држење заложници на народни избраници), создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните (ЧИТАЈ: со намера или закана да предизвика граѓанска војна), ќе се казни со затвор најмалку десет години (ЧИТАЈ: НАЈМАЛКУ).

Ма, какви уставобранители. Терористи и ништо помалку од тоа, рече Богоевски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

-ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва се става на располагање да помогне во надминување на состојбата. Изразуваме надеж дека нема човечки жртви.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се става на располагање да помогне за пожарот во Тетово

Апелираме за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот...

Ве молам за грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се!, напиша Ахмети.

Ахмети: Добивам кобни вести од најблискиот круг, вакцинирајте се!

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети преку објава на својата...