Фактот што во тие моменти имав сила да поднесам одговорност е нешто што денес прави да се чуствувам многу гордо и нема да дозволам никој да ми го одземе или извалка тоа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јуни, 2020 23:45

Богоевски: Не се чувствувам изе*ан од Заев!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Откако денеска осамна нова аудио бомба каде поранешниот птемиер на државата Зоран Заев вели дека Шарената револуција ќе ја собере на купче и ќе собере и шуто и рогато, и дека после мамето ќе им го еб*л, на сите што ќе влезат кај него во коалиција се огласи и поранешниот пратеник Павле Богоевски кој беше едњн од Шарените, и посочи дека Фејсбук не се чувстува изе*ан од Заев.

Павле Богоевски (14 февруари 1986, Скопје) — македонски граѓански активист и независен пратеник во деветтиот состав на Собранието на Република Македонија.

-Не се чуствувам из*бан, друштво.

Последните четири години секогаш кога можев гледав да избегнам јавно да зборувам на тема Зоран Заев – бидејќи мислев дека тоа би било нецелеисходно и дека тоа не било моја работа. Но, денес се чуствувам повикан да одговорам и со сигурност, можам да кажам неколку работи:

1. Причината зошто бев политички активен преку активизмот беше вредносна. Причината зошто одлучив битката да ја продолжам институционално беше лична – беше довербата која ја створив во тој човек. Не во партијата, не во коалицијата – во него. Доверба без која никогаш немаше да се нафатам за тоа лудило кое следеше и доверба која се’ уште ја имам.

2. Во овие четири години, во повеќе наврати сум имал судири со партијата. Секогаш кога имало и НАЈМАЛ простор за тоа, Заев бил на мојата страна.

3. Причината за објавувањето на оваа снимка е валкана, ниска и повеќе од очигледна.

4. Кога најголемиот дел од државава бараше моја оставка, истото го бараа и најголемиот дел високи функционери од СДСМ. Заев ги пресече во корен и ми остави простор сам да донесам одлука, постојано велејќи дека ќе ме поддржи, што и да одлучам. Ниту тогаш, ниту сега немам никаква причина да се сомневам во искреноста на таа поддршка.

Фактот што во тие моменти имав сила да поднесам одговорност е нешто што денес прави да се чуствувам многу гордо и нема да дозволам никој да ми го одземе или извалка тоа.

Повторувам – не се чуствувам из*бано, ниту излажано. Повторно би го направил истото, без разлика колку моето собраниско искуство ме чинеше лично – бидејќи со секој атом од телово верувам дека нашата држава и општество денес се неспоредливи со тие пред Шарената револуција и пред коалицирањето со СДСМ и другите партии.

Иако не сум на листа, на 15ти повторно ќе гласам. Бидејќи верувам денес, како и пред четири години дека оваа опција е единствената која може да ја однесе Северна Македонија во иднината која ја заслужуваме.

п.с. Политиката е одвратно валкана работа, а политиката во нашава држава е една од највалканите во светот. Срам ми е да кажам какви се’ работи не сум морал да изговорам, премолчам или толерирам при работењето кон тоа што сум верувал и се’ уште верувам дека било во најдобар интерес на граѓаните. Политичар кој ве убедува во спротивното или ве лаже, или не ја разбира својата работа, напиша Богоевски на својот Фејсбук профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Понатаму, може да се слушне и разговор во кој соговорникот го прашува за кадровските решенија, а Заев го споменува Петре Шилегов. На ова, соговорникот вели дека Шилегов е сомнителен човек кој додека бил претседател на второстепена комисија „трпал пари“. На ова лидерот на СДСМ вели дека „знаел, апсолутно“ но дека тоа било тоа.

НОВА МЕГА БОМБА: Заев се договарал со Мијалков, знаел дека Шилегов “дрпа пари” (АУДИО)

Нови бомби и денеска осамнаа на социјалната мрежа „ЈуТјуб“  а на нив се слуша гласот...

Ахмет пред гостиварци рече дека Албанците заслужуваат премиер на државата, тој посочи дека изминативе години ДУИ, се избори за државни раководни функции, на кои беа назначени многу Албанци и сите тие работеле за доброто и напредокот на државата.

Али Ахмети: Заев нема да биде премиер, претера со своите изјави!

На вчерашниот митинг во Гпстивар, лидерот на ДУИ, Али Ахмети е оптимист кога станува...

Митрев вели дека веќе три недели ја применуваат оваа метода и досега тоа даде одлични резултати.

Жан Митрев: Со новиот метод на прочистување на крвта излечивме 25 пациенти заболени од Ковид-19 (ВИДЕО)

Истакнатиот македонски Кардиоваскуларен хирург доктор Жан Митрев кој воедно е и основач...