
Македонија
Вести
Поранешниот пратеник Павле Богоевски денеска на социјалните мрежи го изнесе својот став за одлуката на Кривичниот суд да не го исполни барањето на Србија за екстрадиција на Томор Морина.
Денес Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на Морина во Србија. Амбасадорот на Косово во Скопје, Ѓерѓ Дедај, вчера најави дека испорачувањето на Морина во Србија може да ги наруши односите меѓу Косово и Македонија.
По тој повод на социјалните мрежи се огласи поранешниот пратеник Павле Богоевски и напиша дека, како можеме да очекуваме некој друг да ни ги врати нашите побегнати криминалци, кога ние не го правиме истото.
-Кривичниот суд пресече дека не се исполнети условите за екстрадиција на Томор Морина, поранешен висок претставник на УЧК. Лицето кое се бара со меѓународна потерница на Интерпол, нема да им биде предадено на властите кои го бараат.
Да појаснам, во поглед на прашањето Србија/Косово, го поддржувам правото на самоопределување и независноста на Косово (став кој официјално го дели и нашата држава). Но, како можеме да очекуваме некој друг да ни ги врати нашите побегнати криминалци, кога ние не го правиме истото?
Ова е погрешниот тип на политичко влијание врз судството. Се додека имаме високи владини претставници, вице-премиери и градоначалници кои однапред го наведуваат судството во која насока треба да одлучува – нема да имаме судство, напиша Богоевски.
ФЕЈСБУК СТАТУС НА ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.