Богоев на својот Фејсбук профил јавно поставува прашање: Дали Иванов ќе си го потпише решението за доживотна пензија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 март, 2019 10:39

Богоев до Иванов: Ќе го потпишеш ли решението за доживотна пензија ако на него стои “Северна”

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Градоначалникот на Општина Карпош, Стрефан Богоев, на Фејсбук профил го коментираше актуелниот претседател во заминување, Ѓорѓе Иванов поради одбивањето на потпишување законите, кои претседателот ги одби поради тоа што на нив стои Република Северна Македонија.

Градоначалникот на Карпош го коментира претседателот Иванов поради непотпишување на законите

Богоев на својот Фејсбук профил јавно поставува прашање: Дали Иванов ќе си го потпише решението за доживотна пензија.

„Прашање до Ѓорѓе Иванов: Дали ќе го потпише решението за негова доживотна пензија по завршување на мандатот ако на него пишува “Република Северна Македонија”?“, му порача тој на претседателот.

Претседателот Иванов, до сега врати вкупно 20 закони до собранието со образложение дека, согласно заклетвата дадена при стапувањето на должност, го штити уставниот поредок и интересите на државата.

Инаку одбива да ги потпишува законите на кои стои новото име на државата уште од 11-ти јануари, односно од моментот на изгласување на уставните измени.

Меѓу законите кои актуелниот претседател одби да ги потпише се и законот за антидискриминација, за електронски комуникации и Агенцијата за следење на комуникации, кои беа усвоени врчера во рамки на 94 седница на Собранието.

Талат Џафери пак во изјава за весникот „Независен“ пред извесно време изјави дека доколу Ѓорѓе Иванов одбие да ги потпише и по вторпат, за објавување на овие закони ќе се чека изборот на нов претседател. 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести