Тие ќе споделуваат свои размислувања и ставови за начинот на кој треба да почне учебната година, проблемите со кои биле соочени изминатиов период и сл.

Објавил: Владо Марин | 27 септември, 2020 16:24

Богоев: На први октомври во училишните клупи детските насмевки ќе бидат покриени со маска!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во пресрет на почетокот на новата учебна година Општина Карпош, од утре, 28.09.2020 година ќе започне со кратка информативна кампња по социјалните мрежи. Станува збор за неколку разговори со лица кои се директно вклучени во воспитно – образовниот процес: ученик, наставник и родител.

Тие ќе споделуваат свои размислувања и ставови за начинот на кој треба да почне учебната година, проблемите со кои биле соочени изминатиов период и сл.

Кампањата е насловена како „Нов почеток“, а истата ја најави градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев на својата официјална Facebook страница:

На први октомври, дел од вас ќе се вратат во училишните клупи, на работните места. Детската насмевка и авторитетот на наставникот, овој пат ќе бидат покриени со маска, но така ќе бидеме заштитени и безбедни. За сите оваа учебна година е ново искуство. Затоа повикувам на одговорност, почитување на заштитните мерки и многу трпение.
Знам дека сите не умори оваа пандемија, но само со придржување до протоколите ќе успееме да го вратиме безгрижното секојдневие.
Маските ни го покриваат лицето, но никој не може да ја покрие нашата желба за нови знаења, другарства и убави моменти, напиша Богоев во својата објава.

Локалната самоуправа изминатиов период интензивно се подготвува за први октомври. Направена е целосна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на училиштата. Во сите десет образовни установи се поставија упатства и мерки за учениците, наставниот кадар и родителите. Голем дел од училиштата адаптираа и нови училници, со цел поголема безбедност за сите.

Општина Карпош набави и ИТ опрема за наставниците, кои овие денови се обучуваат за работа на Националната онлајн платформа. Сите сме одговорни за безбеден почеток на учебната година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на следниот линк.

Во тек е пријавувањето на бруцоши за сместување во државни студентски домови за студиската 2021/2022 година

Министерството за образование и наука ги потсетува студентите од прва година запишани...

Училиштата се информирани за протоколите за заштита од Ковид 19, а наставниците постапуваат согласно новата Концепција за основно образование и новите наставни планови и програми за прво и четврто одделение.

Царовска: Над 80 милиони денари инвестиции во училиштата во Ѓорче, квалитетот на наставата се унапредува

Од посетите кои ги направив во изминатите денови во поголем број училишта низ државата,...

Следниот рок за аплицирање за оваа субвенција е од 1 до 31 октомври 2021 година, за студентите од новата академска година и оние кои не го запишале летниот семестар.

Во вторник истекува рокот за пријавување за 2.400 денари субвенциониран студентски оброк

На 31 август, вторник, истекува рокот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк...