Левица во изминатите години одработи комплетно во интерес на ВМРО-ДПМНЕ, нешто коешто излезе на виделина на овие Локални избори.

Објавил: Сара Фемина | 6 ноември, 2021 17:40

Богоев од Сдсм: ЛЕВИЦА е “Резервна гума” на ВМРО – ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©магазин

ЛЕВИЦА – “Резервна гума” на ВМРО – ДПМНЕ

Левица во изминатите години одработи комплетно во интерес на ВМРО-ДПМНЕ, нешто коешто излезе на виделина на овие Локални избори.

Проектот кој доби зародиш уште во време на Режимот, овие денови целосно се саморазоткри.

Левица имаше неколку улоги.

Прво, сите Вие кои на изборите би останале дома, разочарани од големите партии, да ве убеди дека е трета, различна опција.

Второ, да ги кажува јавно работите кои Мицкоски се плаши да ги каже, а се против Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија.

Трето, по добивање на гласовите на “жедните” за трета опција, да ги втурне вашите гласови во поддршка на ВМРО – ДПМНЕ.

Четврто, помеѓу двата круга на Локалните избори да формира мнозинство во општините кадешто се води битка во вториот круг со ВМРО – ДПМНЕ и на тој начин да помогне кандидатите од ВМРО – ДПМНЕ да победат.

Петто, да биде дел од мнозинство со “радикалните исламисти” и “капиталистичко – империјалистички партии” , со цел да помогне на ВМРО – ДПМНЕ да дојде на власт.

Левица погази комплетно се што зборуваше изминатите години.

Левица Ве излажа дека е трета опција, а всушност е прва опција (резервна гума) на Мерцедесот од Будимпешта кој повторно од сенка сака да завладее со нашите животи.

Американците велат: Fool me once, shame on you ; fool me twice, shame on me!

На потешкиот начин, но сепак, гласачите на Левица овој пат ќе ја научат лекцијата.

П.С.

Со резервна гума се вози најмногу до 80 километри на час брзина.

Ако се залеташ на автопатот кон Желино малку побрзо, резервната гума може да ти претставува сериозен проблем!

Фб статус на Стефан Богоев од Сдсм, екс градоначалник на Карпош.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Децо, палете патиките и тргајте по белиот свет. Иднината е подеднакво заебана како и минатото во Северна. Не дозволувајте партиски кловнови да ви ја кројат судбината.

Михајловски со порака до младите: Децо, палете патиките и тргајте по белиот свет

Актерот Тони Михајлоски најверојатно разочаран од ситуацијата во Македонија преку...

Нема место за паника, има доволно резерви на масло за потребите на граѓаните, напиша на Фејсбук министерот за економија, Крешник Бектеши сликан со пакети масло за јадење.
Бектеши позираше со пакети масло за јадење

Бектеши позираше со пакети масло за јадење

Бектеши позираше со пакети масло за јадење Нема место за паника, има доволно резерви...