Карпош ја затекнав во прилично лоша финансиска кондиција, со долг од речиси 18 милиони евра, кој и до ден денеска е реален проблем за нормално функционирање на општината.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 мај, 2020 10:38

Богоев: Стевче Јакимовски ја колабираше општината и ја претвори во дивоградба- наследив долг од 18 милиони евра!

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Градоначалникот на скопската општина Карпош, Стефан Богоев на оваа позиција е речиси три години а во интервју за „Фокус“ тој раскажува за сите предизвици со кои се соочил откако седнал на градоначалничката фотеља, во каква состојба ја затекнал општината, дали имало долгови и што се тој направил како прв човек на Карпош. 

Стефан Богоев е најмладиот градоначалник на СДСМ…

ФОКУС:  Веќе три години сте градоначалник на Карпош, во каква состојба ја затекнавте општината?

БОГОЕВ: Да, скоро три години сум градоначалник на една од најзадолжените општини во нашата држава. Така да, Карпош ја затекнав во прилично лоша финансиска кондиција, со долг од речиси 18 милиони евра, кој и до ден денеска е реален проблем за нормално функционирање на општината. Со поддршка од Владата се сервисираше дел од долгот, но тоа не беше доволно, затоа што неодговорното финансиско работење тука било пракса повеќе години. Финансиски колабирана општина, во која граѓаните ја имаат загубено довербата. Вака, со една реченица би го опишал затекнатото. Сега, со сите сили работиме да ја менуваме оваа слика.

ФОКУС:Дали вашиот претходник Стевчо Јакимовски работел законски?

БОГОЕВ: Јас не сум орган кој кажува дали некој работел законски или не. Но, како што спомнав претходно, добро е што имаме извештај за материјално – финансиското работење на Општина Карпош од институција како Државниот завод за ревизија. Овој извештај и јавно го презентирав (во април 2018) и го доставивме до Основното јавно обвинителство и Управата за финансиска полиција. Тука се констатирани повеќе злоупотреби, како штo e: ненаменско трошење на средства добиени како долгорочен кредит од деловна банка. На пример, кредитот бил земен за финансирање на активности во област на инфраструктура и реконструкција на градинки, а истиот се трошел за сервисирање на стари долгови. Потоа, 618 илјади евра од Буџетот на Карпош се доделиле само за еден кошаркарски клуб, „Карпош Соколи“ – без да се даде извештај за што се потрошиле парите. Нотирани се и сериозни забелешки за новата општинска зграда која се градеше на местото на старите општински бараки (долж „Партизански одреди“), а проектот не е одобрен од Советот. За новата општинска зграда е земен и наменски кредит од 1,4 милиони евра, кој бил потрошен за други потреби. Денеска, Општина Карпош е лоцирана во бараки – дивоградби. Општината која треба да се бори против дивите градби е сместена во дивоградба. Ова е само капка во морето од тоа што на дневна основа го гледаме и излегува на површина. Прашањето е дали Јакимовски барем нешто направил законски!? Сепак, извештаите од ДЗР, истражувањата на новинарите, не треба да бидат само материјал за интервју туку повод за отворање и завршување на постапки. Како земја која ги отпочнува преговорите со Европската Унија мора да покажеме дека амнестиите и „пазарењето“ се наше црно минато и секој што сторил криминал мора да одговара. А, секое кривично дело има име и презиме. Затоа, очекувам и одговорност за урбанистичкото злосторство кое се изврши во Тафталиџе. Доставени се голем број на докази од наша страна, предметите треба да добијат разрешница, а не да заглават по судските лавиринти.

Целото интервју може да го прочитате ТУКА…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата.

ЕКСКЛУЗИВНО: МВР отвора истраги за носители на јавни функции, министерот Чулев гостин во ТВ21 (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и...

Оттука, иницијативата на Владата за прогласување на овие две планини за национални паркови може да се окарактеризира само како предизборна манипулација на граѓаните.

Прогласувањето на Шар Планина и Осогово за национални паркови се само предизборна манипулација!

Има бројни причини зошто не треба да се верува на оваа Влада. Наводната грижа за животната...