Бојан Јовановски-Боки 13 денеска со бастун дојде на рочиштете во предметот „Рекет 2“ по хоспитлизацијата и за прв пат од домашен притвор во кој е веќе две недели.
Обвинетиот во случајот Меѓународен сојуз, Бојан Јовановски, на почеток на денешното судење побара изземање на судијата кој го води предметот, пренесе Сител!
-И вие самата изјавивте дека со оглед дека сте биле дел од Рекет, веќе сте оформиле мислење, па не може да се очекува дека при донесувањето пресуда за Меѓународен сојуз, нема да бидете пристрасни, изјави во судницата Јовановски.
Судијата Софче Гаврилова, рече дека денешното судење нема да биде прекинато поради барањето за нејзино изземње бидејќи тоа и претходно било барано, па предлогот ќе се разгледа по завршување на денешното рочиште.
Првоосомничен во случајот “Рекет 2” е Бојан Јовановски и се терети за делата перење пари и за измама.
Фросина Ременски се товари за помагање на делото измама, додека Јасна Мандиќ и таткото на Боки, Миле Јовановски и асистенката Христина Блажевска се осомничени за помагање во делата перење пари и измама.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.