После долго време Боки 13 на распит во ЈО

Објавил: Узунов Бобан | 23 септември, 2019 8:48

Боки 13 денеска за прв пат очи в очи со Рускоска

Фото/Текст извор: ©магазин

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција  на распит повторно се повикани осомничените за криминалната афера „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната СЈО Катица Јанева, откако изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.

Боки 13 е повикан на распит денеска напладне, а Јанева, која е разрешена од функцијата и е во притвор како осомничена во „Рекет“ исказ ќе дава во вторник, потврдуваат за МИА од обвинителството.

Адвокатка на Јанева, Ирена Данаилова-Фрчкоска во интервју за „360 степени“ на ТВ Алсат, вели дека било очекувано Јанева да биде разрешена од функцијата специјален јавен обвинител, но дека е дискутабилна одлуката на Советот за јавни обвинители за нејзино разрешување од функцијата јавен обвинител во Гевгелија.

Прашана дали има докази за инволвираност на Јанева во случајот „Рекет“, Фрчкоска вели дека и биле презентирани селективни докази и оти од она што го видела не произлегува било каква инволвираност или индиции на постоење на основано сомнение дека Јанева го сторила делото за кое се сомничи.

За снимките во кои се слуша како Јанева комуницира со осомничени лице кое е предмет што го води СЈО, Фрчкоска вели дека тие разговори ги толкуваат во насока на изјавата на Јанева дека се работело за евентуална соработка како сведок во друга постапка.

Според Фрчкоска, ќе треба да се види дали овие снимки ќе може да бидат искористени како докази во кривичната постапка бидејќи тие не може да се поистоветат со снимките што ги користи СЈО во постапките.

– Не може да се поистоветат снимките што СЈО ги третираше како докази и овие снимки. Снимките од нелегалното прислушување беа озаконети со Закон за СЈО, а овие докази се третираат како докази кои се прибавени на незаконит начин и како такви треба да бидат издвоени од постапката, смета Фрчкоска.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се сопственикот на 1 ТВ Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.

Денеска завршни зборови за случајот “Рекет”

Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција на денешното...

Од утре од 09 часот ќе биде отворена Зоолошка градина, но поради моменталната состојба со пандемијата од Ковид-19 ќе има нов протокол за движење и придржување кон мерките.

Од утре може да се дружиме со животните во скопската Зоолошка градина!

Заклучно од утре вратите на Зоолошката градина во Скопје ќе бидат отворени за посетители...

Во неколку наврати напоменав дека здравјето на граѓаните е најважно и во таа насока Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки, вели Чулев!

ЧУЛЕВ: МВР следи што се објавува на социјалните мрежи и ја проверува автентичноста!

Намалување на бројот на заразени од вирусот Covid19 е возможно само доколку граѓаните...